Разлика помеѓу преработките на „Олимписки игри“

Додадени 7.403 бајти ,  пред 6 години
 
==Антички олимписки игри==
{{main|Антички олимписки игри}}
[[File:Olympia-stadion.jpg|thumb|left|Стадион во [[Олимпија (град)|Олимпија]], Грција.]]
 
Античките Олимписки игри биле религиозни и спортски фестивали кои се одржувале на секои четири години во светилиштето на [[Зевс]] во [[Олимпија (град)|Олимпија]]. Натпреварувањето било меѓу претставници на неколку [[Град-држава|градови-држави]] и царства во [[Античка Грција]]. Овие игри вклучувале главно атлетски, но, исто така, борбени спортови како што се борење и [[панкратион]], тркачки настани со коњ и кочија. Нашироко е запишано дека за време на игрите, сите конфликти меѓу учесниците градови-држави биле одложени до завршувањето на истите. Овој прекин на непријателствата бил познат како олимписки мир или примирје.{{r|Swaddling 2000 p54}} Оваа идеја е модерен мит бидејќи Грците никогаш не ги суспендирале нивните војни. Примирјето дозволувало аџиите кои патувале до Олимпија спокојно да минуваат низ завојуваните територии, бидејќи тие биле заштитени од страна на Зевс.<ref>{{cite web|title=The Olympic Truce – Myth and Reality by Harvey Abrams|url=http://ablemedia.com/ctcweb/showcase/abrams1.html|publisher=Classics Technology Center, AbleMedia.com|accessdate=12 February 2013}}</ref> Потеклото на Олимпијадата е обвиткано во мистерија и легенда,{{sfn|Young|2004|p=12}} како што еден од најпопуларните митови ги поставува [[Херакле]] и неговиот татко [[Зевс]] како предци на игрите.<ref name="elis1-7-9" />{{sfn|Richardson|1992|p=227}}{{sfn|Young|2004|pp=12–13}} Според легендата, Херакле бил тој кој прв ги нарекол игрите „Олимписки“ и воспоставил обичај да се одржуваат на секои четири години.<ref name="elis1-7-7" /> Митот продолжува дека откако Херакле ги завршил [[Задачите на Херакле|дванаесетте задачи]], тој го изградил [[Олимписки стадион|Олимпискиот стадион]] во чест на Зевс. По неговото завршување, тој чекорел по права линија 200 чекори и растојанието го нарекол „[[Стадиј (единица за должина)|стадиј]]“ ({{lang-el|στάδιον}}, {{lang-la|stadium}}), која подоцна станала [[Стадиј (единица за должина)|единица на далечина]]. Најприфатениот датум за почетокот на Античките олимписките игри е 776 п.н.е. Ова се базира на натписи, кои се пронајдени во Олимпија, набројувајќи ги победниците на трка одржувана на секои четири години, со почеток во 776 п.н.е.<ref>{{cite web|title=Olympic Games|url=http://www.britannica.com/EBchecked/topic/428005/Olympic-Games/59589/The-ancient-Olympic-Games|publisher=Encyclopædia Britannica|registration=yes|accessdate=29 April 2009}}</ref> Античките игри подразбирале настани за трчање, пентатлон (составен од скокачки настан, Фрлање на дискуси и копја, ножна трка и борење), бокс, борење, [[панкратион]] и јавачки настани.{{sfn|Crowther|2007|pp=59–61}}<ref>{{cite web|title=Ancient Olympic Events|url=http://www.perseus.tufts.edu/Olympics/sports.html|publisher=Perseus Project of [[Tufts University]]|accessdate=29 April 2009}}</ref> Традицијата вели дека [[Кореб Елидски|Кореб]], готвач од градот [[Елида]], бил првиот олимписки шампион.{{sfn|Golden|2009|p=24}}
 
Олимписките игри биле од темелно верско значење, каде се одржувале спортски настани заедно со ритуално принесување на жртви во чест на Зевс (чија [[Статуа на Зевс во Олимпија|позната статуа]] од [[Фидиј]] поставена во неговиот храм во [[Олимпија (град)|Олимпија]]) и [[Пелоп]], божествен херој и митски цар на Олимпија. Пелоп бил познат по неговата кочијашка трка со кралот [[Еномај]] од Пиза, Грција.{{sfn|Burkert|1983|p=95}} На победниците од настаните им се восхитувале и ги овековечувале во песни и статуи. {{sfn|Swaddling|1999|pp=90–93}} Игрите се одржувале на секои четири години, и овој период, познат како [[олимпијада]], бил користен од Грците како една од нивните единици за мерење на времето. Игрите биле дел од циклус познат како [[Панхеленски игри]], во кој спаѓале [[Питијски игри]], [[Немејски игри]] и [[Истмиски игри]].<ref>Olympic Museum, "The Olympic Games in Antiquity", p. 2</ref>
 
Олимписките игри го постигнале својот [[зенит]] во 6-тиот и 5-тиот век п.н.е., но потоа постепено се намалило значењето како што [[Римски период|Римјаните]] стекнувале моќ и влијание во Грција. Иако не постои научен консензус за тоа кога игрите официјално завршиле, најблиската дата е 393 година во нашата ера, кога царот [[Теодосиј I]] наредил да се елиминираат сите пагански култови и практики.<ref>However, Theodosius' decree contains no specific reference to Olympia {{harv|Crowther|2007|p=54}}.</ref> Друг датум кој често се цитира е 426 година во нашата ера, кога неговиот наследник, [[Теодосиј II]], наредил уништување на сите грчки храмови.{{sfn|Crowther|2007|p=54}}
 
==Модерни олимписки игри==