Георг Фридрих Хендл: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 77.28.237.248 (разговор), вратено на последната верзија на KasparBot
Ред 28:
Без ралика на тоа, на Хендл му било дозволено да оди на часови по компнирање и клавијатурни техники кај [[Фридрих Вилхелм Цахов]], оргулистот на црквата Либфрауенкирхе во Хале. Тетка му Ана, му имала дадено [[спинет]] за неговиот седми роденден, кој бил ставен на таван за да го свири кога ќе добие прилика да се измолкне од татка си.<ref>[[Ото Ерих Дојч|Дојч, Ото Ерих]], [http://links.jstor.org/sici?sici=0027-4224(195507)36%3A3%3C269%3AHADB%3E2.0.CO%3B2-W "Handel: A Documentary Biography"], Music & Letters, Том 36, бр. 3 (јул., 1955), стр. 269-272.</ref> <ref>Hird, Edward, Rev., [http://www3.telus.net/st_simons/cr9304.htm Повтѕорно откривање на Хендловиот „Месија“], април 1993, Deep Cove Crier, North Vancouver, B.C., Canada.</ref>
 
Во [[1702]], по волја на татко му почнал да студира [[право]] на [[Универзитет во Хале|универзитетот во Хале]], но по татковата смрт следната година, го напуштил pравотоправото, па продолжил со музика како оргулист во протестантска катедрала. Следната година се преселил во [[Хамбург]], прифаќајќи работа како [[виолиниост]] и [[чембалист]] во оркестарот на оперската куќа. Тука ги искомпонирал своите први [[опера|опери]], „[[Алмира]]“ и „[[Нерон (опера)|Нерон]]“, изведени во [[1705]]. Во [[1708]] во Хамбург искомпонирал и уште две други рани опери, „[[Дафна (опера од Хендл)|Дафна]]“ и „[[Флориндо]]“.
 
Во периодот [[1706]]–[[1709]] Хендл патувал низ и учел во [[Италија]]. Кога операта била забранета од локалните власти, Хендл нашол работа како композитор на духовна музика и компонирал некои дела во оперски стил. Од ова доба датира неговото познато дело ''Dixit Dominus'' (1707). Потоа следеле оперите „[[Родриго (опера)|Родриго]]“ ([[Фиренца]], 1707), и „[[Агрипина (опера)|Агрипина]]“ ([[Венеција]], [[1709]]). „Агрипина“, која се изведувала ненадминати 27 пати, се карактеризира со зрела техника во Хендловото компонирање, и ова дело му дало високо реноме. Во [[Рим]] во [[1709]] и [[1710]] се произвеле два [[ораториум]]а со наслов „[[Воскресение (опера)|Воскресение]]“ и „Триумфот на Времето“.