Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
=== Родови ===
 
Во селото Зовиќ од секогаш па сѐ до денес живееле исклучиво [[Македонци]] од [[Православие|православна христијанска]] вероисповед. Скоро сите родови во селото се старинечки односно староседелски преселени од старото село Лениште или Зович. Можно е некои од селските родовите да потекнуваат и од блиското одамна раселено село [[Чебрен]]. Преостанатите жители кои денес живеат во Зовиќ припаѓаат на следните македонски родови: ''Скаклевци'' кои се староседелци дојдени од старото село Лениште или Зович I како деленици од 3 браќа дамнешни прадедовци<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>. Староседелци и најверојатно нивни деленици се и родот ''Секилковци'' чиј предок дедо Богдан е насликан како еден од ктиторите на селската црква. Исто така старинци се и родот ''Ангелевци'' чиј предок дедо Анѓеле е исто така насликан во селската црква како ктитор. Староседелски род во Бзовиќ се ''Мијаковци'' кои немаат мијачко потекло туку родовскиот прекар го добиле по тоа што „''нивните дедовци сточареле и оделе со Мијаците''“. Останати македонски родови во Зович се ''Недановски'', ''Каровци''<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>, ''Кулевски'' кои можно е да припаѓаат или да се во подалечна роднинска врска со познатиот мариовски македонски род Кулевци од блиското мариовско село [[Крушевица (Прилепско)|Крушевица]] преку [[Црна Река]] од кои потекнува познатиот војвода [[Толе Паша]]. Поради непосредната близина брачни врски најчесто се склопувале со девојки од селата [[Чаниште]], [[Манастир (село)|Манастир]], [[Старавина]], [[Градешница]].
 
== Културни и природни знаменитости ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ