Амур: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 107:
Во XVII век избил пограничен конфликт преку реката Амур помеѓу [[Историја на Русија|Русија]], која се ширела во источен Сибир и неодамна дојдената династија {{киндин|Чинг}}, која потекнувала од југоисточна Манџурија. Со [[Козаци|козачки]] експедиции (1643-1644 и 1649–1651) предводени од [[Василиј Појарков]] и [[Ерофеј Хабаров]], Русите го истражиле Амур и неговите притоки, а потоа воспоставиле упориште во горното течение во Албазин, поранешната престолнина на [[Евенки|Солоните]].
 
Во овој период, династијата Чинг била прекоупирана со војување во самата Кина, но по неколку децении, царот [[КангсјиКангси]] го свртеле вниманието на северноманџурското соседство. Во 1683-1684 г. е основан Ајгун и испратени се воени експедиции спротиводно од течението со цел да се истиснат Русите, чие пристутво во Албазин го попречувало собирањето на [[самур]]ови крзна од Солоните и Даурите.<ref>Du Halde (1735), стр. 15-16</ref> Во 1685 г. Кинезите го зазеле Албазин по краток поход, а судирите завршиле по четири години, со склучувањето на [[Нерчински договор|Нерчинскиот договор]] (1689), со кој Кина ја сета долина на Амур од утоката на реките [[Шилка]] и [[Аргун]] надолу.
 
Во текот на следните век и пол, Амур останал релативно зафрлен крај на Кинеското царство, чие единствено поважно населено место било Ајгун. Русите се навратиле во подрачјето кон средината на XIX век, приморувајќи ја Кина да им ги предаде краиштата северно од реката со Ајгунскиот договор (1858). Малку подоцна Русија ги добила и пределите источно од [[Усури]] и долното течение на Амур, овој пат со [[Пекиншка спогодба|Пекиншката спогодба]] од 1860 г.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Амур