Иконостас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Sv. Climent Ohridski (77).JPG|мини|десно|Иконостасот во [[Соборна црква - Скопје|Соборната црква]] во [[Скопје]]]]
 
'''Иконостас''' (исто така нарекуван и '''темплон''') - во [[православие]]то е ѕид со [[икона|икони]] и верски слики кој го одвојува [[олтар]]от од останатиот дел на црквата. Иконостасот се развил од византискиот [[темплон]], процес кој е довршен во XV век.
Зборот доаѓа од [[грчки јазик|грчкиот]] εἰκονοστάσι(-ον), кој сè уште е во секојдневна употреба во Грција, што значи „место за икони“.
 
 
==Положба==
Ред 11 ⟶ 9:
 
Иконостасот, иако често висок, ретко го допира таванот. Со тоа, од акустични причини се овозможува верниците јасно да ги чујат екфонезите (литургиски извици) на свештенството. Во помалите модерни цркви иконостасот може потполно да недостасува, па во такви случаи го заменуваат неколку мали икони на лектерни кои чинат виртуелен разделник.
 
[[Податотека:Внатреноста на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица.jpg|мини|Иконостасот во црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - [[Рајчица]], Дебарско]]
 
Иконостасот обично има три отвори (порти): [[царски двери]], прекрасна порта или света порта во средината, и две од страните (северна и јужна порта). Портите се затворени кога нема служба. Кога портите треба да се отворат се разликува во зависност од јурисдикцијата и локалните обичаи. Во некои места тие се скоро секогаш отворени, а се затвораат само во одредени прилики, додека на други места тие се секогаш затворени, а се отвораат само во одредени прилики.
 
Ред 21 ⟶ 17:
==Положба на иконите==
[[Податотека:Манастир Зрзе - Иконостас.jpg|мини|Иконостасот во [[Зрзевски манастир|Зрзевскиот манастир]], Прилепско]]
 
Бројни насоки или канони одредуваат кои икони се поставуваат на одредени делови на иконостасот, иако постои малку простор за варијации. Во својот најцелосен словенски развој иконостасот се состои од пет дела:
 
Ред 30 ⟶ 25:
 
Понекогаш може да се видат дополнителни редови на помали икони со приказ на светците кои локално посебно се ценат.
 
Не е необично да се види иконата на [[Тајната вечера]] која ја прикажува Последната вечера, а во проширување и на светите апостоли во царството божјо, негде над царските двери.
 
Суверениот ред е секогаш присутен додека сите останати може да се изоставени. Ако може да се вклучи само еден дополнителен ред, предност му се дава на Деизис или празничниот ред. Единствено најголемите и најдоработените иконостаси ги вклучуваат сите пет реда.
 
 
==Правила за користење на портите==
[[Податотека:Богородица лешочка- август 2015 (5).JPG|мини|лево|Иконостасот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во [[Лешочки манастир|Лешочкиот манастир]]]]
 
Постои строго правило кое се однесува на лицата кои смеат да влезат или да го напуштат олтарот, и низ која порта можат тоа да го сторат. Царските двери и просторот меѓу нив и олтарот, во никој случај не смеат да ги користат лаици, иако машките деца можат да се внесат низ нив до олтарот во процесот на обредот на „прочистување“. [[Владика|Владиците]] можат да влегуваат низ царските двери кога било; поповите и ѓаконите можат тоа да го прават само во посебни прилики во текот на службата кога е вратата отворена (додека во текот на Светата недела тие секогаш влегуваат и излегуваат низ неа).
Во манастир само [[игумен]]ијата и постарите [[калуѓер]]ки може да влезат во олтарскиот простор и тоа само низ страничните врати. Игуменијата смее да влезе во која било прилика, додека останатите калуѓерки треба да добијат благослов за влез.
Ред 45 ⟶ 40:
 
Овие насоки настанале во текот на многу векови заедно со теолошките симболични и практичните причини.
 
 
==Теолошки импликации==
 
Иконостасот всушност не го „раздвојува“ наосот од Светиот од Светите, туку напротив ги поврзува. Иконостасот е врска меѓу небото (Светиот од Светите) и наосот (Светото Место). Затоа сè на иконостасот е симболично. Иконите на Христос, Богородица, разни светци и слави, се наоѓаат тука бидејќи Христос и останатите нè водат и управуваат кон Светиот од Светите. Значи личностите на иконостасот нè водат кон небото и заради тоа иконостасот нè спојува наместо да нè раздвојува. Иконите на иконостасот се прозорци и мостови кон небото (сите икони се прозорци и мостови кон небото без разлика на нивното место). Затоа смислата на иконостасот е претставување на Христос кој е врска, порта, меѓу двете царства. Совршено објаснување за иконостасот и неговата соединувачка цел се гледа во Посланието на Хебрејците 10:19-20, ''„Значи, браќа, бидејќи со снагата на крвта Исусова отворено можеме да влеземе во Светоста над Светите – новиот и живототворен пат тој ни го отвори низ превезот, т.е. низ своето тело.“''
 
 
==Развој==
 
Археолошкиот доказ од манастирот Св. Јован од Студиос во Константинопол претпоставува дека иконостасот се развил од раниот темплон. Базиликата посветена на Јован Крстител е изградена во 463 година. Во неа олтарната преграда го опкружува олтарот во облик на буквата П со голема порта која гледа кон наосот и две помали порти од страните.
[[Податотека:Sv.Bogorodica-Bitola-vnatresnost.JPG|мини|Иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во [[Битола]]]]
 
 
Темплонот постепено ги заменил сите останати облици на олтарни прегради во византиските цркви во VI, VII и VIII век, освен во [[Каподокија]]. Светата традиција му го припишува откритието на цврстиот иконостас на св. Василиј Велики.
До X век едноставната дрвена олтарна преграда ја одвојувала апсидата од бродот во црквите врежани во стена во [[Деринкују]], иако до XI век темплонот веќе станал стандард. Причината за тоа веројатно лежи во почитта и имитацијата на големата црква [[Аја Софија]] во [[Константинопол]], иако столбната форма ии претходи на олтарната преграда на Аја Софија.
Олтарниот приказ пронајден во некои римокатолички и англикански цркви и катедрали во многу делови на Европа (особено во Англија) во текот на доцниот среден век заземал слично место, но имал подруга функција.
 
 
 
==Источно христијанство==
Источните православни и источните католички цркви кои го следат источниот обред се разликуваат меѓу себе по употребата на иконостасот. Ерменските и сириските цркви често користат завеса наместо цврст иконостас. Коптските и етиопските цркви користат иконостас кој понекогаш е направен решетесто така што е полупровиден.
 
 
==Галерија==
Ред 74 ⟶ 60:
Слика:Иконостас - Св. Атанасиј Радиовски.JPG|Иконостас во црквата „Св. Атанасиј“ во [[Радиовце]]
</gallery>
 
 
==Поврзано==
{{Commons|Iconostasis}}
*[[Темплон]]
*[[Амвон]]
Ред 84 ⟶ 70:
* [http://members.virtualtourist.com/m/p/m/25de83 Фотографии на рани иконостаси, Атина]
* [http://www.wyrdlight.com/gallery4.htm Слики од Федоровиот иконостас (руски православен стил) во Винчестерската катедрала]
 
 
{{Commons|Iconostasis}}
 
{{Портал|Христијанство}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Православие]]