Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
 
Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ ноќта меѓу 5 и 6 декември започнала марш преку планината [[Галичица]] и Албанија до слободната територија во [[Меглен]], Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во [[Дебарца]] повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата [[Мраморец]], [[Турје]] и [[Сливово]]. На 9 декември бригадата имала краток одмор во [[Герман (Леринско)|Герман]], а на 10 декември во нејзиниот состав влегол батаљонот „Стив Наумов“ како Петти батаљон. Бригадата пристигнала на [[Кајмакчалан]] на 14 декември. После 13 дена марш, на 18 декември бригадата пристигнала во село [[Фуштани]], [[Меглен]]ско.
 
Според планот за дејство, Првата македонско-косовска бригада на 26 декември извршила напад на бугарската гранична посада „Турски рид“ и граничниот гарнизон во [[Мрежичко]]. Во тричасовна борба биле убиени 27 непријателски војници, а 8 биле заробени. После оваа борба бригадата го продолжила патот низ Мариово, и во борбите до 31 декември биле ликвидирани посадите во селата Витолиште, Бегниште и Полчиште. На 2 јануари 1944 година бил нападнат рудникот Момирок во Витолиште. Во рудникот биле уништени машините со што било запрено производството на лискун од страна на Германците, а 20 работници се придружиле кон бригадата. Во текот на овој напад биле заробени: 1 пушкомитралез и 25 пушки, муниција, храна, 4 радио-апарати, 3 машини за пишување и др.
 
== Февруарскиот поход ==