Ренесанса: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 77.29.169.78) и ја поврати преработката 3422691 на Ehrlich91
Ред 31:
{{Главна|Ренесансен хуманизам}}
 
'''На некој начин [[Ренесансен хуманизам|хуманизмот]] не бил философија, туку метод на учење. Како контраст на средновековната [[схоластика]], која се фокусира на решавање противречности помеѓу авторите, хуманистите проучуваат антички текстови во оригинална форма и ги оценуваат низ комбинација од образложување и емпириски доказ. Хуманистичкото образование било базирано на програма од 'Studia Humanitatis', учење за петте хуманистички полиња: [[поезија]], [[граматика]], [[историја]], [[етика]] и [[реторика]]. Иако повеќе историчари повеќепати се обиделе да го дефинираат хуманизмот попрецизно, повеќето се имаат одлучено со една „нецелосна дефиниција... движењето за повраќање, интерпретирање и асимилирање на јазикот, книжевноста, учењето и вредностите на античка Грција и Рим“.<ref>Burke, P., ''The spread of Italian humanism'', in ''The impact of humanism on western Europe'', ed. A. Goodman and A. MacKay, London, 1990, p. 2.</ref> Над сè, хуманистите го нарекуваат „генијалноста на човекот&nbsp;... единствената и исклучителна способност на човечкиот ум.“<ref>As asserted by Gianozzo Manetti in ''On the Dignity and Excellence of Man'', cited in Clare, J., ''Italian Renaissance''.</ref>
 
Хуманистичките школари го обликувале интелектуалниот пејзаж низ раниот модерен период. Политички философи како [[Николо Макијавели]] и [[Томас Мор]] (1478 – 1535) ги оживеале идеите на грчките и римските мислители и ги примениле во критики за современата влада. Придонесот на Макијавели, во погледот на [[Исаија Берлин]] е всушност судбоносен пробив во западната политичка мисла доделувајќи единствено образложување на политиката и вербата што веројатно го прави татко на општествените науки.
''''''''Задебелен текст''''''''Задебелен текст'''''''''
 
=== Уметност ===