Разлика помеѓу преработките на „Кинески јазик“

с
нема опис на уредувањето
(Одбиена последната промена (од 78.157.15.200) и ја поврати преработката 3370646 на KasparBot)
с
Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се [[Тон (лингвистика)|тонски]] и [[Аналитички јазик|аналитички]]. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е [[Мандарински јазик|мандаринскиот]] (~ 850 милиони), а по него следи [[Ву (јазик)|ву]] (~ 90 милиони), [[Мински јазици|мински]] (~ 70 милиони) и [[Кантонски јазик|кантонскиот]] (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како [[Сјанг (јазик)|сјанг]] и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како [[макројазик]] со тринаесет подјазици [[ISO 639-3]], иако прашањето дали овие се „[[јазик|јазици]]“ или „[[дијалект]]и“ е мошне спорно.
 
Стандардизираната форма на говорниот кинески се нарекува [[стандарден мандарински јазик|стандарден мандарински]] „普通话 (путунгхуа); 国语 (куојугуоју)“, кој е базиран на [[пекиншки дијалект|пекиншкиот дијалект]]. Стандардниот мандарински е [[службен јазик]] на [[Народна Република Кина]], [[Република Кина (Тајван)]], како и еден од четирите службени јазици на [[Сингапур]]. Кинескиот (дефакто стандарниот мандарински) е еден од петте службени јазици на [[Обединети Нации|ООН]]. Од другите варијанти, [[стандарден кантонски јазик|стандарниот кантонски]] е распространет и влијателен во кантонојазичната дијаспора, и е еден од службените јазици во [[Хонгконг]] (заедно со [[англиски јазик|англискиот]]) и во [[Макао]] (заедно со [[португалски јазик|португалскиот]]). [[Јужномински јазик|Јужноминскиот јазик]], дел од [[мински јазици|минската јазична група]], се зборува нашироко во [[Фуџен]] и [[Тајван]] (каде се нарекува [[тајвански јазик|тајвански]] или „хокло“) како и [[југоисточна Азија]] (каде предоминира во [[Сингапур]], [[Малезија]] и на [[Филипини]]те и се нарекува Хокиен).
 
== Говорен кинески ==
==== Стандардниот мандарински и диглосија ====
{{main|Стандарден мандарински јазик}}
[[Стандарден мандарински јазик|Путунгхуа / КуојиГуоји]], често наречен „мандарински“, е службениот [[стандарден јазик]] во употреба во [[Народна Република Кина]], [[Република Кина (Тајван)]] и [[Сингапур]] (каде се нарекува „Хуаји“). Заснован е на [[пекиншки дијалект|пекиншкиот дијалект]], кој е дијалект на [[мандарински јазик|мандаринскиот]] како што се зборува во [[Пекинг]]. Владите имаат за цел говорниците на разните кинески варијанти да зборуваат мандарински како заеднички јазик. Затоа тој се користи во владините агенции, во медиумите и како образовен јазик во установите.
 
Во [[Кина]] и [[Тајван]] [[диглосија]]та е честа појава: често луѓето знаат по два, па дури и три варијанти заедно со стандардниот мандарински. На пример, покрај ''путунгхуа'', еден жител на [[Шангај]] може да зборува и [[шангајски дијалект|шангајски]], а ако не израснал таму, тогаш и неговиот роден дијалект. Оној роден во [[Гуангџоу]] може да зборува стандарден кантонски и ''путунгхуа'', а тајванец веројатно зборува и [[тајвански јазик|тајвански]] и ''путунгхуа/куојигуоји''. Жител на [[Тајван]] може често да ги меша [[изговор]]ите, изразите и зборовите од [[стандарден мандарински јазик|стандардниот мандарински]] и [[тајвански јазик|тајванскиот]], а оваа мешавина во многу случаи се смета за неприфатлива. Во Хонгконг, стандарниот мандарински почнува да го заменува англискиот и стандардниот кантонски, неговите службени јазици.
 
=== Јазик или јазично семејство? ===
Во [[Јужна Кореја]] се користи азбуката [[Хангул]], но наоѓа примена и [[ханџа]]та, главно како печатно писмо. Во [[Северна Кореја]] пак, [[ханџа]]та е укината. Од модернизацијата на Јапонија од доцниот XIX век, постојат идеи за напуштање на кинеското писмо, но тоа сѐ уште не е сторено од практични причини.
 
Јазиците со влијание од кинеската култура имаат голем број на [[заемка|позајмени зборови]] од кинескиот. Над педесет проценти од корејскиот фонд на зборови е од кинеско потекло, а влијанието врз јапонскиот и виетнамскиот исто така е значајно. Зборовите од кинеско потекло сочинуваат 60%–70% од вкупниот број на зборови во еден јапонски речник, а сочинуваат 18%–40% од говорните зборови. Десет проценти од филипинскиот [[вокабулар]] е со кинеско потекло. Кинескиот исто така дели многу граматички карактеристики со овие соседни јазици, особено непостоењето на [[род (граматика)|родови]] и употребата на [[класификатормерен (лингвистика)збор|класификаторимерни зборови]].
 
== Фонологија ==