Разлика помеѓу преработките на „Рамелсберг“

Додадени 8.426 бајти ,  пред 4 години
(нова страница)
 
 
Откако царското влијание се намалило, рудниците потпаднале под контрола на Советот на Царскиот град Гослар, кој официјални ги купил правата во 1359 година. Рударска несреќа е забележана во 1376 година, кога загинале повеќе од 100 рудари. Главни руди кои биле ископувани во Рамелсберг биле олово-цинкова, бакарна, сулфурна, мешана, кафеав боксит и баритна, заедно со важните минерали [[галенит]], [[халкопирит]], [[сфалерит]], [[барит]] и [[сулфат]]и. Главни метали ископувани од овие рудници биле среброто, оловото, бакарот и цинкот, на чија основа Гослар го добил богатството.
 
=== Ново време ===
 
Рудниците во Гослар со векови биле трн во очите на [[Кнежевство Брауншвајг-Волфенбител|војводите од Брауншвајг-Волфенбител]], кои владееле на Харц. Во 1552 година — по децении правни постапки, феуди и судири — војводата Хајнрих V ја искористил слабата позиција на градот во Шмалкалдската војна и го презел управувањето на рудниците од граѓаните. Рударските операции биле предводени од синот на Хајнрих и негов наследник Јулиј од 1568 година. Во текот на [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]], граѓаните на Гослар се обиделе да ги повратат рудниците на Рамелсберг истакнувајќи се себеси како верни поддржувачи на царските сили против протестантскиот командант Христијан Помладиот; меѓутоа, немало корист откако неговиот внук војводата Август Помладиот се помирил со царот Фердинанд во 1642 година. Со водство на велфските војводи, златото било произведувано од {{римски|18}} век натаму.
 
Откако Гослар и Рамелсбершките рудници преминале на [[Кралство Хановер|Кралството Хановер]] во 1814 година и на [[Кралство Прусија|Кралството Прусија]] во 1866 година. Во рамките на проектот „Рамелсберг“ во периодот 1936/37, рудникот бил проширен од страна на [[Нацистичка Германија|нацистичките]] власти како дел од четиригодишниот план. Нацистите го гледале Рамелсберг со неговите метали како витален во нивните воени напори и тешкотијата за минерали. Ова довело до изградба на денешните инсталации на површината. Архитекти биле [[Фриц Шуп]] и Мартин Кремер, кои проектирале важни индустриски градби (вклучувајќи го ''[[Индустриски комплекс Цолферајн|Zeche Zollverein]]'' во областа [[Рур]], денес исто така светско културно наследство на УНЕСКО).
 
=== Истражување во 2009 година ===
 
Во февруари 2009 година, претпријатието ''Scandinavian Highlands Holding A/S'' ги објавило резултатите од геофизичките истражувања од нивната подружница ''Harz Minerals GmbH'', според која непознати минерални руди со големина на оние во Рамелсберг веројатно се присутни на два километри западно од Рамелсберг.<ref>[http://scandinavian-highlands.com/uploads/media/Harz_Handout_-_Gosetal_Anomaly.pdf Harz Minerals GmbH: ''The Gosetal Anomaly – a Rammelsberg twin?''] (PDF 2,5MB)</ref> Во есента 2009 година биле избушени неколку дупки на длабочина од 500 до 600 метри во областа на Хесенкопф и Гозетал. На крајот на јануари 2010 година, по неколкумесечна пауза, претпријатието објавило дека наскоро би бушеле до длабочина од 800 метри, каде се сомневаат дека постојат богати наоѓалишта.<ref>Goslarsche Zeitung: [http://www.goslarsche.de/Home/harz/goslar_arid,107724.html Heinz-Georg Breuer: ''Hoffnung wächst: Dänen bohren im Gosetal tiefer.''] 25 јануари 2010</ref>
 
== Светско културно наследство ==
 
{{Infobox World Heritage Site
| WHS = Рамелсбершки рудници, Стариот град на [[Гослар]] и [[Водна регулација во Горен Харц|Систем на водно управување во Горен Харц]]
| Image = [[Податотека:Goslar - UNESCO-Weltkulturerbe Rammelsberg (03-2).jpg|300п]]
| State Party = [[Германија]]
| Type = културно
| Criteria = i, iv
| ID = 623
| Region = [[Список на светско наследство во Европа|Европа и Северна Америка]]
| Year = 1992
| Session = 16.
| Extension = 2010
| Link = http://whc.unesco.org/en/list/623
}}
 
[[Податотека:Underground Water Mill of Rammelsberg.jpg|мини|лево|Воденичко тркало во рударскиот музеј]]
 
По повеќе од 1000 години при што биле ископани скоро 30 милиони тони руда, рудникот бил конечно затворен од претпријатието Пројсаг на 30 јуни 1988 година откако рудата била главно истрошена. Граѓанските здруженија биле целосно против плановите да се уништат површинските инсталации и да се пополнат историските рударски делови. Постепено, некористениот рудник бил претворен во музеј за зачување на неговото наследство и да ја прикаже историјата на рудникот и неговата индустриска опрема.
 
Во 1992 година, музејот станал [[светско културно наследство]] на [[УНЕСКО]] заедно со Стариот град на Гослар. Во 2010 година, кон ова светско културно наследство бил додаден [[Водна регулација во Горен Харц|Системот на водна регулација во Горен Харц]],<ref>Водната регулација во Горен Харц е стар систем за водна регулација за рудниците во Горен Харц — не го мешајте со современиот систем на водна регулација на брани и езера изградени во {{римски|20}} век.</ref> Валкенридскиот манастир и историскиот коп Замзон. Рамелсбершкиот музеј и рудникот за посетители се точка на европската патека на индустриско наследство.
 
Историскиот музеј има бројни специјални знаменитости како што се:
* Галерија Редер (со специјален систем и неколку воденички тркала кои вршеле дренажа на рудникот; постои реплика во [[Германски музеј|Германскиот музеј]] во Минхен)
* Соба за рударска опрема (''Feuergezäher''; најстарата рударска соба во Средна Европа)<ref name="Knolle"/>
* Галерија Ратштифсте (средновековна дренажа; украсена со обоени витриоли)
* Кула Мајстор Малтер (''Maltermeisterturm'') (најстара рударска градба во Германија на површината)<ref name="Knolle"/>
* стари рударски копови (најстарите од {{римски|11}} и {{римски|12}}).
 
== Планинарска патека ==