Отвори го главното мени

Промени

Нема измена во големината ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
Амстердам е главен финансиски и бизнис центар на Холандија. Амстердам во моментов спаѓа во најдобрите Европски градови каде може да основате меѓународен бизнис. Тој е на петто место во оваа категорија и него го надминуваат само – Лондон, Париз, Франкфурт и Барселона. Многу од големите коорпорации имаат свое седиште во Амстердам. Тука спаѓаат : Кралската банка на Шкотска, Акзо Нобел, Хајнекен интернационал, ИНГ груп, Ахолд, ТомТОм, Делта Лојд Груп и Филипс. КПМГинтернационал има свое седиште во близина на Амстердам, поточно во Амстелвеен, каде и многу други интернационални компании имаат свои седишта и можат да уживаат полна правна сопственост на земјиштето за разлика од можноста да се изнајми земјиште во Амстердам.
Иако голем број мали компании сеуште се имаат свои канцеларии во близина на старите канали, сепак се поголем број компании се преселуваат надвор од центарот на градот. Зуидас стана новиот финансиски и правен центар. Петте најголеми фирми во Холандија и голем број холандски подружници на консултантските фирми како што се Бостон Консалтинг груп и Accenture како и светскиот трговски центар Амстердам се наоѓаат во Зуидас.
Постојат и други 3 помали финансиски области во Амстердам. Првиот е областа која го опкружува центарот околу главната железничка станица во Амстердам- СлотердијкСлотердајк, каде се сместени неколку канцеларии на познатите новински агенции како Де Телеграаф. Тука исто така се наоѓаат канцелариите на компанијата на општински јавен превоз и Даночната канцеларија на Холандија. Втората финансиска област е областа која ја опкружува Амстердамската Арена (стадионот). Третата област е областа во близина на железничката станица Амстел. Таму се наоѓаат највисоката кула во Амстердам – кулата Рембрант, како и седиштето на компанијата Филипс.
Берзата на Амстердам (АЕХ) која денеска е дел од Еуронекст, е најстара берза во светот и воедно е една од најголемите берзи во Европа. Таа се наоѓа во близина на плоштадот Дам во центарот на градот.