Мариовци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
==Одлики и особини==
 
Во Мариово отсекогаш во минатото па сѐ до денес живееле само православни Македонци. За време на Отоманската Империја и за разлика од сите околни и соседни области како Меглен, Тиквеш во Мариово немало ниту исламизација на населението, ниту пак воопшто имало населување на турско и муслиманско население. Поради природно-географските одлики и местоположбата како и заради општествено-управните услови во минатото жителите на Мариово развиле посебни душевни карактеристики и однесување кое ги разликувало и одликувало од сите останати околни жители во Македонија. Имено, послободниот живот во одалечен и позафрлен планински крај подалеку од турските насилства и несигурности, кај мариовците развиле дух и одлики на слободољубивост, борбеност, храброст, непокорливост, јунаштво, бунтовност. Ваквиот живот ослободен растоварен од несреќи, непогоди, насилства придонел да се развие прилично весел дух и расположение кај мариовците кои се надалеку познати по својата шегобијност и хумор, за што се сведоштво големиот број шегобијни народни приказни за [[Итар Пејо]] мариовецот, шеги, досетки и вицови. Истовремено суровите планински услови придонеле мариовците да се одликуваат и со голема итрина, снаодливост, издржливост и мудрост. Во однос на телесните одлики и карактерот, [[Јордан Хаџи Константинов – Џинот]], мариовците ги опишал како луѓе со висок стас, лице благоообразно, високи чела, очи црни и сини, космати, бистри како прави будни гении, трудољубиви, благочестиви и срдечни христијани, многу дарежливи (штедри), но се големи маченици бидејќи многу ги „глодаат“ разни турци и калуѓери. За нивните жени пак запишал дека биле слободни и красолични убавици, но малку распуштени. За мариовките во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] исто така запишал дека се познати и меѓу првите во Македонија по убавината и нежноста.
 
==Галерија==