Македонци во Велика Британија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: додавање на надворешна врска до веб страницата на МПЦ Лондон
→‎Македонска Православна Црква: update на податоците за македонската црква во Лондон. Додавање на навод.
Ред 5:
 
==Организации==
Во рамките на Обединетото Кралство беа формирани многу македонски организации. Најзначајна е "Здружение на Македонците во Велика Британија" познато и како Асоцијација на Македонците во Обединетото Кралство (AMUK). Оваа група е клучот за организирање настани меѓу заедницата на етничките Македонци во Британија. Исто така, придонесе за осветување на Македонската Православна Црква во Лондон заедно со [[Амбасада на Република Македонија во Лондон|Амбасадата на Република Македонија во Лондон]].
 
Најистакнатите културни и уметнички друштва во рамките на заедницата на етничките Македонци во Обединетото Кралство е ''Македонско културно-уметничко друштво "Сонце"''. Тоа е основано во [[Лондон]], на [[17 ноември]] [[2003]].
 
==Македонска Православна Црква==
Македонската православна црковна општина "Свети Архангел Михаил и сите Ангели", била основана во Лондон, по иницијатива на мала група православни христијани, во [[1993]] година. Во првите неколку години оваа црковна општина успевала да организира богослужби само еднаш годишно за [[Велигден]]. Во [[2007]] година во оваа црковна општина бил назначен постојан свештеник. Веќе од наредната, [[2008]], црковната општина започнала да изнајмува храм во населбата [[Сохо]] во Лондон, каде што се богослужи барем еднаш во месецот, на македонски јазик. Според [[Пимен Европски|Митрополитот Европски, владиката Пимен]], иако во Лондон нема изградено македонски храм, Лондонската црква е најубава во [[Европа]].<ref>Статија за македонските цркви во Европа од Нова Македонија, објавена на 19.04.2014 http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41914814318&id=147&setIzdanie=23155</ref>
Во Обединетото Кралство работи една Македонска црква. Македонската православна црква "Свети Архангел Михаил и Сите Ангели", беше основана од страна на имигранти од [[Република Македонија]]. Повици за осветувањето на црквата од страна на етничките [[Македонци]] во [[Велика Британија]] имаше кога заедницата ја осветуваше црквата. Имало планови за изградба на културен центар на местото на црквата.
 
 
Во [[2010]] година е формирано и неделно црковно училиште по македонски јазик, кое го посетуваат петнаесетина деца. Во [[2014]] се отвориле уште три паралелки, една во Лондон и по една во [[Литлхемптон]] и во [[Оксфорд]]. 
 
==Види уште==
*[[Македонци]]
*[[Македонска дијаспора]]
 
== Наводи ==
<references />
 
==Надворешни врски==