Отвори го главното мени

Промени

нема опис на уредувањето
 
Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Мисирков сфатил дека српската буржоазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, тој учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од [[Белград]] во [[Софија]]. Тоа што го дочекало во [[Бугарија]] речиси по ништо не се разликувало од [[Србија]]. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како Бугари. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во [[Шабац]], каде завршил четврти клас гимназија<ref name="Георги" />.
[[File:Крсте Мисирков - 1899.jpg|thumb|мини|десно|Крсте Петков Мисирков во 1899 година]]
 
Крсте Петков Мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: ''белградската учителска школа'', која целосно ја завршил во [[1895]] година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината ''Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ке iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда''. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години<ref name="Георги" />.
 
Податотека:Proglas za zemanje na bibliotekata na Misirkov.jpg|Проглас за земање на библиотеката на Мисирков.
Податотека:Misirkov so svoite ucenici vo Bitola.jpg|Мисирков со своите ученици во Битола.
File:Ракопис за родниот крај - Крсте Мисирков.jpg|Ракопис на Мисирков на народен говор за родниот крај (1900 г.)
File:Ракопис на народна песна од родниот крај - Крсте Мисирков.jpg|Ракопис на Мисирков со песни од родниот крај (1900 г.)
Податотека:Molba do Petrogradskiot Univerzitet.jpg|Молба на Мисирков до Петроградскиот универзитет.
Слика:Misirkov Notes on South Slavic Philology and History.jpg|Предговор кон статијата „Белешки кон јужнославјанска филологија и историја“.