Бактерии: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
Одбиени последните 4 промени во текстот и вратена преработката 3333566 на Ehrlich91
Ред 1:
{{Taxobox
| color = lightblue
| name = Бактерии
| image = EscherichiaColi NIAID.jpg
| image_width = 200px
| image_caption = Клетки на ''[[Escherichia coli]], зголемени за 25,000 пати''
| Kingdom = '''Monera'''
| domain = '''Bacteria'''
| subdivision_ranks = Типови
| subdivision =
[[Actinobacteria]]

[[Aquificae]]

[[Chlamydiae]]

[[Bacteroidetes]]/[[Chlorobi]]

[[Chloroflexi]]

[[Chrysiogenetes]]

[[Cyanobacteria]]

[[Deferribacteraceae|Deferribacteres]]

[[Deinococcus-Thermus]]

[[Dictyoglomi]]

[[Fibrobacteres]]/[[Acidobacteria]]

[[Firmicutes]]

[[Fusobacteria]]

[[Gemmatimonadetes]]

[[Verrucomicrobia|Lentisphaerae]]

[[Nitrospirae]]

[[Planctomycetes]]

[[Proteobacteria]]

[[Spirochaetes]]

[[Thermodesulfobacteria]]

[[Thermomicrobia]]

[[Thermotogae]]

[[Verrucomicrobia]]

Најголем број од '''бактериите''' се [[Едноклеточен организам|едноклеточни организми]]. Тоа се [[Микроорганизам|микроорганизми]] од кои најмалите видови имаат [[дијаметар]] помал од 1 [[микрометар]].

Бактериите се многу ситни [[организам|организми]] составени само од една [[клетка]], која е поедноставна и значително поинаква од [[растителна клетка|растителните]] и [[животинска клетка|животинските]] клетки. Тие живеат и се [[размножување|размножуваат]] таму каде што можат да најдат извор на [[енергија]] за [[живот]]. Некои живеат во или на друго [[живи суштества|живо суштество]], било да се штетни (предизвикуваат [[болест]]и) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати [[растение|растенија]] или [[животно|животни]] и нивнито дејство предизвикува [[распаѓање]] ([[гниење]]).

Кај бактериите отсуствуваат [[пластид]]и и [[Митохондрија|митохондрии]]. Кај нив е присутен [[Дифузија|дифузно]] распределен [[Клеточно јадро|јадрен]] материјал [[нуклеоид]]. [[Цитоплазма]]та е ограничена со [[клеточен ѕид]], кој, во поглед на [[Биохемија|биохемискиот]] состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите [[растенија]]. Тој се состои од [[Аминокиселина|аминокиселини]], [[липид]]и, [[протеин]]и и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од [[Целулоза|целулозниот]] ѕид кај [[Клетка|клетките]] на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и [[муреин]]от, [[хемиско соединение]] со доста сложен состав кое содржи [[мукопептид]]и. Под клеточниот ѕид се наоѓа [[Клеточна мембрана|клеточната мембрана]]. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен ''капсула'', кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат [[флагелум]]и (камшичиња), кои служат за движење.

Според формата на клетката, бактериите се делат на:

* Топчести ([[коки]])
* Стапчести ([[бацил]]и)
* Спирални ([[спирил]]и и [[Спирохета|спирохети]]).

Освен овие форми, има и многу други т.н. ''преодни форми''. Такви се на пример:

* [[Кокобацил]]и
* [[Вибрион]]и
* [[Стрептокок]]и
* [[Стафилокок]]и итн.

Во поглед на [[исхраната]], имаме [[автотроф]]ни и [[хетеротроф]]ни бактерии. Дел од автотрофните содржат [[бактериохлорофил]] и можат да вршат [[фотосинтеза]] ([[фотосинтетски бактерии]]), а дел кои не содржат фотосинтетски [[пигмент]]и, ја користат [[Хемиска енергија|хемиската енергија]] за [[синтеза]] на [[Органско соединение|органски соединенија]], во процесот [[хемосинтеза]] ([[хемосинтетски бактерии]]). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат [[сапрофит]]ски или [[Паразитизам|паразитски]]. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени [[Организам|организми]], при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и [[редуцент]]и) се главните алки во синџирот на [[кружење на материите во природата]]. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, [[животни]]те и [[човек]]от, предизвикувајќи притоа најразлични [[Заболување|заболувања]]. Наречени се уште и [[патогени бактерии]] (како на пример [[хеликобактер]]). Некои бактерии (како [[Ешерихија коли]]) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.

Бактериите се [[Размножување|размножуваат]] бесполово (со проста делба, а некои со [[спори]]) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни [[живот]]ни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава [[популација]] од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, [[Сонце|сончевата]] светлина, [[температура]]та и некои други фактори (како ограничена количина на [[храна]]) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на [[конјугација]].

Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата [[Земја]]. Живеат во [[Вода|водена]] средина, во [[почва]], во [[воздух]], како и на сите предмети.

[[Категорија:Бактериологија]]