Бактерии: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
biologija
Целосно избришана страница
Ред 1:
{{Taxobox
| color = lightblue
| name = Бактерии
| image = EscherichiaColi NIAID.jpg
| image_width = 200px
| image_caption = Клетки на ''[[Escherichia coli]], зголемени за 25,000 пати''
| Kingdom = '''Monera'''
| domain = '''Bacteria'''
| subdivision_ranks = Типови
| subdivision =
[[Actinobacteria]]

[[Aquificae]]

[[Chlamydiae]]

[[Bacteroidetes]]/[[Chlorobi]]

[[Chloroflexi]]

[[Chrysiogenetes]]

[[Cyanobacteria]]

[[Deferribacteraceae|Deferribacteres]]

[[Deinococcus-Thermus]]

[[Dictyoglomi]]

[[Fibrobacteres]]/[[Acidobacteria]]

[[Firmicutes]]

[[Fusobacteria]]

[[Gemmatimonadetes]]

[[Verrucomicrobia|Lentisphaerae]]

[[Nitrospirae]]

[[Planctomycetes]]

[[Proteobacteria]]

[[Spirochaetes]]

[[Thermodesulfobacteria]]

[[Thermomicrobia]]

[[Thermotogae]]

[[Verrucomicrobia]]

Најголем број од '''бактериите''' се [[Едноклеточен организам|едноклеточни организми]]. Тоа се [[Микроорганизам|микроорганизми]] од кои најмалите видови имаат [[дијаметар]] помал од 1 [[микрометар]].

Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните иживотинските клетки. Тие живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на другоживо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење).

Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои одаминокиселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика одцелулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен ''капсула'', кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење.

* Топчести ([[коки]])
* Стапчести ([[бацил]]и)
* Спирални ([[спирил]]и и [[Спирохета|спирохети]]).

Освен овие форми, има и многу други т.н. ''преодни форми''. Такви се на пример:

* [[Кокобацил]]и
* [[Вибрион]]и
* [[Стрептокок]]и
* [[Стафилокок]]и итн.

Во поглед на [[исхраната]], имаме [[автотроф]]ни и [[хетеротроф]]ни бактерии. Дел од автотрофните содржат [[бактериохлорофил]] и можат да вршат [[фотосинтеза]] ([[фотосинтетски бактерии]]), а дел кои не содржат фотосинтетски [[пигмент]]и, ја користат [[Хемиска енергија|хемиската енергија]] за [[синтеза]] на [[Органско соединение|органски соединенија]], во процесот [[хемосинтеза]] ([[хемосинтетски бактерии]]). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат [[сапрофит]]ски или [[Паразитизам|паразитски]]. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени [[Организам|организми]], при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и [[редуцент]]и) се главните алки во синџирот на [[кружење на материите во природата]]. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, [[животни]]те и [[човек]]от, предизвикувајќи притоа најразлични [[Заболување|заболувања]]. Наречени се уште и [[патогени бактерии]] (како на пример [[хеликобактер]]). Некои бактерии (како [[Ешерихија коли]]) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.

Бактериите се [[Размножување|размножуваат]] бесполово (со проста делба, а некои со [[спори]]) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни [[живот]]ни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава [[популација]] од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, [[Сонце|сончевата]] светлина, [[температура]]та и некои други фактори (како ограничена количина на [[храна]]) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на [[конјугација]].

Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата [[Земја]]. Живеат во [[Вода|водена]] средина, во [[почва]], во [[воздух]], како и на сите предмети.

[[Категорија:Бактериологија]]