C (програмски јазик): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
'''Програмскиот јазик Ц (C)''' е релативно нов програмски јазик. Тој е програмски јазик кој ги одбележа осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Ц е најраширен програмски јазик на светот. Тој е едноставен и елегантен програмски јазик кој ја пополнува празнината меѓу вишите програмски јазици и асемблерите (assembler) бидејќи ги комбинира особеностите на вишите програмски јазици со функционалноста на асемблерите. Поради тоа Ц можеме да го наречеме јазик што ги обединува својствата и на вишите програмски јазици и на асемблерите.
 
За творец на овој програмски јазик се смета [[Денис Ричи]] (Dennis Ritchie) од Bell-овите лабаратории на АТ&Т. Тој заедно со [[Кен Нортон]] (Ken Northon) работел на дизајнирање на првичните верзии на оперативниот систем [[Unix|ЈУНИКС]] (UNIX) и го имплементира на PDP 11. Во 1978 година [[Брајан Кернихан|Брајан Керниган]] (Brian Kernighan) и Денис Ричи ја издале првата книга за програмскиот јазик Ц. Оваа книга служела како [[прирачно дело|референтна книга]] за јазикот се до појавата на првиот [[ANSI]] стандард за Ц, десетина години подоцна.
 
ГенеологијатаГенеалогијата на програмскиот јазик Ц е следнава. Како и за сите други структуирани програмски јазици, така и за програмскиот јазик Ц може да се каже дека негов најдалечен предок е програмскиот јазик ALGOL 60. ALGOL-от 60, како што кажува и неговото име, бил развиен во 1960 година од страна на повеќе национални групи. Тој настанал само неколку години по програмскиот јазик FORTRAN. При создавањето на овој јазик било посветено големо внимание на неговата синтакса, модуларната структура и многу други нешта за кои денес се смета дека се современи и полезни. За жал, овој програмски јазик не бил никогаш општо прифатен од програмерите, веројатно поради неговата преголема генералност, апстрактност и опширност.
 
== Историја ==
Ред 26:
Во 1963 година на универзитетот во Кембриџ развиен е програмски јазик CPL (Combined Programming Language). Овој јазик претставува обид програмскиот јазик ALGOL 60 да се поедностави и доведе до разумна мера. Но и овој програмски јазик бил преопширен и пресложен, па како таков и тежок за учење и примена.
 
Мартин Ричардс (Martin Richards) исто така од Кембриџ, во 1967 година го создал јазикот BCPL (Basic Combined Programming Language). При тоа, поедноставувајќи го програмскиот јазик CPL, се обидел да дојде до поедноставен и применлив програмски јазик. Овој програмски јазик е сличен на макроасемблерите и се нашол во примена на повеќе компјутери меѓу кои и на некои микрокомпјутери (BBC и SinclerSinclair QL).
Натамошното поедноставување на овој програмски јазик било направено од Кен Томсон (Ken Thompson). Тој работел во лабараториите на Bell на имплементација на разните верзии на оперативниот систем ЈУНИКС. За таа цел, Томсон го создал програмскиот јазик Б во 1970 година. Јазикот Б претставува натамошно поедноставување на програмскиот јазик BCPL. Тој бил применет за реализација на првиот ЈУНИКС оперативен систем на компјутерот PDP-7.
 
Ред 45:
Ц е програмски јазик за општа намена и со него можат да се пишуваат најразлични видови програми. Сепак, може да се каже дека неговите можности најмногу доаѓаат до израз при пишување на системски софтвер, што и била неговата првенствена намена, а и специјалноста на неговиот творец.
 
Во однос на големината, Ц е екстремно мал програмски јазик. Бројот на клучни зборови (keyword) во Ц изнесува 32 (28 според првичниот незваничен стандард од книгата на Ричи и КернихамКерниган и дополнителни 4 кои се внесени во ANSI стандардот за Ц). За разлика од Ц, IBM-овиот Basic, кој се смета за едноставен програмски јазик има 159 клучни зборови.
 
Клучни зборови во Ц според стандардот ANSI се:
Ред 89:
Програмскиот јазик Ц е '''case sensitive''' односно тој прави разлика помеѓу малите и големите букви. '''While''' не е исто што и '''while'''.
 
И во двете верзии може да се забележи дека Ц ги содржи само основните наредби и дека нема вградени влезно-излезни (I/O) наредби <ref>Like many other programming languages, C programs read in (input) or write out (output) characters: [http://pages.cs.wisc.edu/~markhill/cs354/Fall2008/notes/C.io.html C I/O функции]</ref> и наредби за ракување со низи знакови. Философијата на Ц е таква што сите посложени наредби се реализираат со помош на основните наредби и како функции (fuctionfunction) се чуваат во таканаречените библиотеки на функции (function library). Со секој преведувач на Ц (C compiler) се испорачуваат и повеќе библиотеки на разни видови функции.
 
Програмите во Ц се состојат од низи блокови кои се организираат како функции. Според тоа, пишувањето на програмите се сведува на пишување поедини функции и нивно вклопување. При тоа, сите функции се рамноправни со тоа што една мора да го има името main(). Тоа е функцијата од која отпочнува програмата.
Ред 95:
Читањето на програмите во Ц е тешко и на прв поглед тие се прилично неразбирливи за почетниците. Тоа е поради големиот број оператори кои се присутни како резултат на тенденцијата за блискост со асемблерот.
 
Покрај другото, моќта на Ц е и во овозможување на работа со покажувачи (pointers). Покажувачите, најпросто речено, соодветстуваатсоодветствуваат со мемориски адреси. Многу машински инструкции работат директно со реалните мемориски адреси, па примената на покажувачите овозможува ефикасно преведени програми.
 
== Наводи ==