Маркови Кули (Прилеп): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
[[Податотека:Markovi kuli 1.JPG|мини|десно|Кула и тидини на Марковите Кули]]
 
'''Маркови Кули''' е локалитет кој се наоѓа во централниот дел на [[Македонија]], во непосредна близина на градот [[Прилеп]]. На 6[[10 април2010 април]] [[2006]] година, локалитетото е прогласен за Споменик на природата<ref>[http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Zakon%20za%20proglasuvanje%20na%20lokalitetot%20%E2%80%9CMarkovi%20kuli%E2%80%9D%20za%20spomenik%20na%20prirodata%2010.04.2006.pdf ''Указ за прогласување на Маркови кули за Споменик на природата'']</ref>. Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот u(кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години.
Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади во северниот дел се сврзани со највисоките врвови: Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м). Низ целиот овој масив се истакнуваат најразновидни форми во вид на врвови и остенци, столбови и запци, печурки, плочи, топки, пештерски и котлести длабнатини.
Природните структури на карпите, потекнуваат од времето на консолидација на магмата која ладејќи се, лачела свероидни и паралелопипедни блокови.