Отвори го главното мени

Промени

Исправена грешка при пишување
По ослободувањето на [[Скопје]] [[1944]] година во зградата е сместена целокупната администрација на македонската народна власт: претседателот на [[Демократска Федерална Македонија]], Народното Собрание, Владата и Уставниот суд.
 
Во периодот од 1954-1963 година изградени се Свечената сала и Сала 2, а ентериерно се уредени помалите сали во свечениот дел, Охридска и Струшка соба со дрворез на таваните, зидовитеѕидовите и вратите изработени од мајсторите на традиционалната резбарска школа од Охрид, како и гипсана декорација изработена од Дримколските мајстори. Малиот свечен салон, салата на Уставна комисија, рeсторанот, како и кабинетите, ентериерно се уредени со ламперија во интарзија.
 
Со земјотресот што го зафати Скопје во 1963 година, зградата на Собранието видно беше оштетена, после што беа преземени големи зафати за нејзино санирање и реконструкција.
Со осамостојување на [[Република Македонија]] во [[1991]] година, во зградата покрај [[Собранието на Република Македонија]], сместен е и [[Кабинетот на претседателот на Републиката]] на дел од првиот кат.
 
Палатата на Собранието располага со повеќе Сали за седници, Кабинети на претседателот на Републиката, претседарелотпретседателот на Собранието, на потпретседателите, на претседателите на комисиите, на координаторите на пратеничките групи, на генералниот секретар на Собранието и неговите заменици, како и на раководителите на стручните служби и на секторите.
 
== Надворешни врски ==
Анонимен корисник