Алхазен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
==Оптички белешки==
Во домашен притвор Алхазен не го губел времето. Тој интензивно ја проучувал оптиката, истражувајќи ги семките, боите на сонцето што заоѓа, виножитата и помрачувањата. Врз основа на тие емпириски истражувања го напишал делото Книга за оптиката во седум томови или свитоци. Книгата Китаб ал-Маназир била преведена на латински јазик во 1270г. Како Opticae Thesaurius: Alhazeni Arabis. Овој труд имал големо влијание врз англискиот монах Роџер Бејкон, германскиот астроном Јохан Кеплер и Френсис Бејкон, кој во 20-тите години на 17 век пишувал за експерименталната наука.
==Ново разбирање на гледиштетовидот ==
Меѓу обработените теми бил и начинот на кој гледаме. [[Аристотел]], а подоцна и [[Евклид]] и [[Птоломеј]], зборувале дека кога нешто набљудуваме, зраци излегуваат од нашите очи и се одбиваат од тој предмет. Алхазен увидел дека ова е погрешно; светлина секако постои- дење е се осветлено од Сонцето, а светлината се одбива од предметите од сите насоки; ноќе Сончевата светлина ја рефлектира Месечината. Доволно е да отвориме очи и да дозволиме влегување на светлината. Со други зборови, видот е пасивна, а не активна појава, барем додека светлината допре до мрежницата. Алхазен експериментирал со очи од бик и докажал дека светлината влегува низ една мала дупка на предната страна – зеница, а леќата ја насочува на осетливата површина, мрежница, од задната страна на окото.
 
==Истражување на светлината==
Алхазен направил експерименти со огледала и со леќи, но можеби најзначајниот негов придонес било тоа што покажал дека светлината се движи праволиниски. Тоа веројатно го заклучил врз основа на фактот дека цврстите предмети фрлаат остри сенки на Сончева светлина, а тоа го докажал со помош на [[мрачна комора|мрачната комора]] (''camera obscura''). Поставувајќи три ламби да горат надвор, тој покажал дека се појавуваат три слики на ѕидот отспротива во внатрешноста. Кога на едната патека ја ставил раката, сликата на ѕидот исчезнувала. Тој можел да ја “фати” сликата на секој дел од правата линија меѓу дупката и ѕидот, па било логично дека светлината што ја создава сликата се движи праволиниски. Тој напишал: “ Светлината што влегува јасно може да се види на правот што го има во воздухот”. Потоа направил пренослива “ мрачна соба” во облик на шатор, што ја носел на патувања. Нема сомневање дека подвижните слики ги оставале без здив сите што имали можност да ги видат.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Алхазен