Физичар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Пренасочување кон Физика
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[File:Albert Einstein 1947.jpg|thumb|right|[[Albert Einstein]], physicist who developed the theory of general relativity.]]
#REDIRECT [[физика]]
'''Физичар''' — [[научник]] кој се занимава со проблемите на [[физика]]та<ref>{{маклек|физичар}}</ref>. Еден физичар може да проучува најразлични [[појава|појави]] од една или повеќе нејзини гранки, во размери кои се движат од [[елементарна честичка|честичките помали од атомот]], од кои е сочинета [[материја]]та ([[честична физика]]), па сè до поведението на [[вселена]]та во целина ([[физичка космологија|космологија]]).
 
==Образование==
Најголем дел од додипломското градиво на студиите по физика опфаќа откритија и сознанија од пред еден или повеќе векови. Такви се, на пример, [[Алхазен|Алхазен]]овата теорија за светлината (XI век), [[Њутнови закони|Њутновите закони за движењето]] и [[Њутнов закон за гравитација|Њутновиот закон за гравитацијата]] (XVII век), [[Максвелови равенки|Максвеловите равенки]] (XIX век) или [[кватна механика|кватната механика]] (почеток на XX век). Се изучуваат следниве предмети: [[хемија]], [[класична физика]], [[кинематика]], [[астрономија]] и [[астрофизика]], лабораториска работа, [[електромагнетизам|електрицитет и магнетизам]], [[термодинамика]], [[оптика]], [[современа физика]], [[квантна физика]], [[нуклеарна физика]], [[честична физика]] и [[физика на тврдите тела]]. Покрај ова, задолжително се изучуваат и повеќе [[математика|математички]] предмети ([[интегрално сметање]], [[диференцијално сметање]], [[линеарна алгебра]], [[комплексна анализа]] и тн.), [[информатика]] и [[програмирање]]. Студентите учат [[научно истражување]] со помош од академскиот кадар на факултетот.
 
Додпиломците по физика најчесто работат во основното или средното образование. Оние кои работат на истражувања или во високото образование имаат [[магистратура]] или [[докторат]], каде се специјализира во опитна или теоретска [[астрофизика]], [[атомска физика]], [[молекуларна физика]], [[биофизика]], [[хемиска физика]], [[медицинска физика]], [[физика на кондензираната материја]], [[физичка космологија|космологија]], [[геофизика]], [[гравитациска физика]], [[наука за материјалите]], [[нуклеарна физика]], [[оптика]], [[честична физика]] или [[плазмена физика]]. За извесни научно-академски занимања е потребен и [[постдокторат]].
 
==Награди и почести==
Најголемата почест што може да ја добие еден физичар е [[Нобелова награда за физика|Нобеловата награда за физика]] која се доделува од 1901 г. до денес од страна на [[Кралска шведска академија на науките|Кралската шведска академија на науките]].
 
==Employment==
Три поважни дејности во кои работат физичарите се образовнието, државните научни установи и [[претпријатие|претпријатијата]]. Меѓутоа, добар дел од физичарите ја применуваат својата стручност на други полиња како што се [[инженерство]]то, [[сметачи]]те и [[финансии|финансиското работење]]. Некои ја надополнуваат постоечката струка со друго образование, па работат како посебни стручњаци; таков пример се оние кои се занимаваат со [[патент]]ното право.
 
== Поврзано ==
* [[Институт за физика]] при [[ПМФ]]
* [[Список на физичари]]
* [[Нобелова награда за физика]]
* [[Историја на физиката]]
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.aip.org/statistics/ Education and employment statistics] from the American Institute of Physics
* [http://www.bls.gov/ooh/ Occupational Outlook Handbook]
* [http://www.bls.gov/ooh/life-physical-and-social-science/physicists-and-astronomers.htm Physicists and Astronomers]; US Bureau of Labor Statistics, Occupational Outlook Handbook, Physicists and Astronomers
 
{{Гранки на физиката}}
 
{{нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Физичари| ]]
[[Категорија:Научници]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Физичар