Борис I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
[[Податотека:TzarBorisDidacticGospelConstantinePreslavski.jpg|десно|thumb|240px|Икона на цар Борис]]
 
По покрстувањето, Борис побарал дозвола од [[Цариградската патриаршија]] за самостојна Бугарска патријаршија (види: [[Бугарска православна црква]]), но му било откажано. Како резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон [[Рим]] за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во [[Ватикан]]. Главното прашање на бугарскиот владетел кон римскиот папа било прогласување на главата на Бугарската црква за патријарх. Така, во Бугарија биле испратени кардиналот [[Формоз Портуенски]], епископ [[Павле Популонски]] и свештеници. Борис својот избор го направил за [[Формоз Портуенски]]<ref>Portus — кардиналско епископско седалище от III в. в римското предградие Порто, обединено през 1986 г. с епархията на Санта Руфина</ref>, кој подоцна станал римски папа.
 
Во [[867]] година нови бугарски пратеници пристигнале во [[Рим]] со молба папата да го ракоположи Формоз за патриарх, но [[папа Николај I]] откажал. На [[13 ноември]] [[867]] година неочекувано Николај починал. Новиот [[папа Адријан II]] исто така не се согласил. Во Бугарија биле испратени други двајца епископи - Гримуалд Полимартиски и Доминик Тривенски<ref>Polymartium — антично епископско седалище в Лацио</ref>. Папата му понудил на Борис да избере архиепископ на Бугарија меѓу нив двајцата и Павле Популонски. Борис упатил ултимативно барање за бугарски архиепископот да биде ракоположен за ѓакон Марин или некој од кардиналите на папата, но и ова барање на Борис било одбиено по кое Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.
 
Борис повторно започнал преговори со [[Константинопол]]. Така, на [[Четврти Цариградски Собор|Четвртиот Цариградски Собор]] (869-870) на вонредна седница, бугарското црковено прашање било решено преку компромис - се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „''митрополит на Драстар''“ бил поставен гркот Георги, со седиште во [[Плиска]], директно потчинет на Цариградската патријаршија. Папските пратеници добиле голем поткуп и биле испратени назад во [[Рим]]. Бугарската црква имала седум митрополии и била конструирана по византиски модел.
 
Во [[879]] година на патријаршискиот престол во [[Цариград]] седнал по втор пат патријарх [[Фотиј I Цариградски]] и свикал нов црковен собор. На [[24 декември]] [[879]] година Фотиевиот собор предвидел дека Цариградската патријаршија повеќе нема да устоличува во Бугарија дури да биде упатено слично барање. Во пракса тоа значело дека Бугарската црква станала автокефална (самостојна). На чело на бугарската црква застанал [[Јосиф I Бугарски]], архиепископ и прв бугарски патријарх, којшто ја спроведувал прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар [[Симеон I]].
 
== Словенската писменост во Бугарија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Борис_I