Борис I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез [[Ростислав]] во есента на [[863]] година, византиските сили повторно навлегле во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да пружат сериозен отпор на [[Византија]]. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Византија. Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и заедно со својот народ да го прифати [[Православие|православното христијанство]] од [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]]. Бугарскиот владетел го прифатил христијанството речиси тајно за да избегне можни внатрешни конфликти во империјата.
 
Според делумно уништениот [[натпис от Балши]], град кој денеска се наоѓа во близина на [[Белград (Албанија)|Берат]] во [[Албанија]] како и според Тадеуш Василевски и Моско Москов<ref>Моско Москов, "Именник на българските ханове-нов прочит", 1988 г.</ref>, Бугарите покрстувањето односно [[Христанизација на Бугарија|христијанизацијата]] на населението ја добиле во [[866]] година:
 
{{цитат|Се покрсти од Бога архонтот на Бугарија Борис, покрстен како МИхаилМихаил заедно со дадениот му од Бога народ во летото 6374 година<ref>[http://www.promacedonia.org/vz1b/vz1b_3_1.html Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018). III. Национализация на българската държава. 1. Междудържавното положение на България и покръщането на българите"], София, 1927 г.</ref>}}
 
Бугарскиот владетел го прифатил името на својот 24 годишен духовен татко, византискиот [[василевс]] [[Михаил III|Михаил]].
 
Веднаш по покрстувањето во земјата избувнал бунт во круговите на неколку незадоволни бугарски провинции. Главниот проблем се гледал во зголеменото византиско влијание во земјата. [[Бертински летописи|Бертинските летописи]] опишуваат како Борис со неколкумина верни поданици успеал не само да се спаси туку и да го задуши бунтот и ги зароби противниците. Кнезот ги казнил со смрт организаторите. Загинале 52 болјари со целите нивни родови<ref>Съдът над историците: българската историческа наука, документи и дискусии 1944-1950, Академично изд-во М. Дринов, 1995, ISBN 9544302476, стр. 246.</ref><ref>Годишник На Софийския университет "Св. Климент Охридски". Център за Славяно-византийски проучвания "Иван Дуйчев". Том 10, София, стр. 89 .</ref>. Според некои истражувачи станува збор за само 52 смртни пресуди<ref>[http://www.kultura.bg/bg/article/view/12512 Георги Тодоров, ''Св. Борис и митът за избиването на 52-та рода'', в. ''Култура'', брой 2 (2441), 19 януари 2007 г.]</ref>.
 
== Бугарската патриаршија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Борис_I