Разлика помеѓу преработките на „Борис I“

Додадени 3.703 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
с
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Внимание}}
{{Инфокутија за личност |
име=Свети Цар Борис |
[[Податотека:RizMap08.jpg|thumb|десно|240п|Бугарија во времето на хан [[Пресијан]] и кнез [[Борис I]]]]
 
Во почетокот на неговото управување, [[Бугари]]те влегле во серија на неуспешни воени конфликти со Источнофранкиска империја, [[Византија]] и [[Хрватска]]. Византискиот император [[Константин Порфирогенит]] запишал на кратко за еден неуспешен поход на Борис во соседното [[Српско кнежевство]], при кој престолонаследникот [[Владимир Расате|Владимир]] заедно со дванаесет големи боили паднале во заробеништво. Тогаш, од тага по својот син, Борис бил принуден да склучи мир. Борис ги изгубил сите војни кои ги водел.
 
Во 862-863 година Борис I склучил воен сојуз со кралот Лудвиг II Германски и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од [[Рим]]скиот [[папа]]. За да го разруши овој сојуз, [[Византија]] во коалиција со [[Велика Моравија]] и [[Хрватска]] во [[863]] година започнала војна против Бугарија. За Борис I оваа војна била неуспешна и тоа го разнишало значително политичкото господство на Бугарите по средниот тек на [[Дунав]].
Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез [[Ростислав]] во есента на 863 година, византиските сили повторно навлегле во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да пружат сериозен отпор на Византија. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Византија. Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и заедно со својот народ да го прифати православното христијанство од Цариградската патријаршија. Бугарскиот владетел го прифатил христијанството речиси тајно за да избегне можни внатрешни конфликти во империјата.
 
Според целосно уништениот [[натпис от Балши]], град кој денеска се наоѓа во близина на [[Белград (Албанија)|Берат]] во [[Албанија]] како и според Тадеуш Василевски и Моско Москов, Бугарите покрстувањето односно христијанизацијата на населението ја добиле во 866 година:
 
{{цитат|Се покрсти од Бога архонтот на Бугарија Борис, покрстен како МИхаил заедно со дадениот му од Бога народ во летото 6374 година}}
 
Бугарскиот владетел го прифатил името на својот 24 годишен духовен татко, византискиот [[василевс]] [[Михаил III|Михаил]].
 
Веднаш по покрстувањето во земјата избувнал бунт во круговите на неколку незадоволни бугарски провинции. Главниот проблем се гледал во зголеменото византиско влијание во земјата. Бертинските Летописи опишуваат како Борис со неколкумина верни поданици успеал не само да се спаси туку и да го задуши бунтот и ги зароби противниците. Кнезот ги казнил со смрт организаторите. Загинале 52 болјари со целите нивни родови. Според некои истражувачи станува збор за само 52 смртни пресуди.
 
== Бугарската патриаршија ==