Омуртаг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Омуртаг во бугарската историја останал познат со своите градежни дејности кои придонеле за развојот на Плисковско-Преславската култура. Зачувани се голем број на извори и натписи кои сведочат за обновата на престолнината Плиска која била разрушена од византискиот император Никифор, како и за изградбата на нова палата со престолна соба, како и неколку палати и тврдини.
 
Во Трновскиот[[Трновски натпис сена вели,Омуртаг|Трновскиот натпис]] кој му припаѓа на Омуртаг пишува<ref>[http://www.promacedonia.org/vb/vb_10.html Бешевлиев, Веселин, Прабългарски епиграфски паметници, Издателство на Отечествения фронт, С., 1981, стр. 123]</ref>:
{{цитат|Човек и добро да живее, умира и друг се раѓа по него. Нека родениот подоцна, кој го гледа овој натпис, да си спомне за оној што го направил. А името на архонтот е Омуртаг хан јувиги. Нека Господ Бог да го удостои да доживее сто години.}}
 
Во времето на Омуртаг, како последица на територијалната експанзија, во пределите на [[Бугарија]] попаднале и голем број на [[Словени|словенски христијани]]. Прогонството против христијаните во Бугарија во [[9 век]] според некои извори било не од верска, туку од политичка причина<ref>'''Павлов, Пл.''' - „Бунтари и авантюристи...“, [http://liternet.bg/publish13/p_pavlov/buntari/index.html ел. издание]</ref>, бидејќи Словените се сметале за сојузници на византиското влијание во земјата. Објаснувањата околу овие настани можат да бидат проследени со житието на [[Теофилакт Охридски]] посветено на [[Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици|Светите Петнаесет тивериополски маченици]], каде се тврди дека [[Енравота]] - еден од синовите на Омуртаг ја прифатил новата вера.
 
== Смрт ==
Омуртаг починал во [[831]] година и бил наследен на престолот од третиот син [[Маламир]] († 836), бидејќи првородениот син [[Енравота]] (или Бојан) бил лишен од престолот поради прифаќањето на христијанската вера, а вториот син - [[Звиница]], починал многу млад. Причините за смртта на Омуртаг се нејасни. По неочекуваната негова смрт се појавил слух, според кој владетелот бил убиен од еден свој големец. Некои научници, како полскиот византолог Т. Вашилевски, го прифаќаат ова тврдење.
 
Во продолжение на скоро едно столетие во историската наука се водело спор за местото на гробот на хан Омуртаг. Тоа довело до појава на голем број хипотези. Првите од нив се појавиле во врска со Трновскиот натпис на владетелот и претпоставката дека гробницата била изградена уште пред неговата смрт. Таму е опишано дека бил изграден т.н. Преславски дом, на средина на растојанието помеѓу него и Плиска била изградена могила. Професорот Васил Златарски објаснува дека грчкиот збор "''τουμβαν''" од натписот одговара не само на могила, туку и на гроб<ref>'''Златарски, В.''' - „История на България през средните векове, Т. 1, Ч. 1 Епоха на хуно-българско надмощие“, АИ "проф. Марин Дринов", С., 2002, с. 327, 447</ref>. По извршените археолошки ископувања во Могила, истата била откриена и денеска истата се нарекува Омуртагова.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Омуртаг