Омуртаг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
 
Во времето на Омуртаг, како последица на територијалната експанзија, во пределите на Бугарија попаднале и голем број на словенски христијани. Прогонството против христијаните во Бугарија во 9 век според некои извори било не од верска, туку од политичка причина, бидејќи Словените се сметале за сојузници на византиското влијание во земјата. Објаснувањата околу овие настани можат да бидат проследени со житието на [[Теофилакт Охридски]] посветено на [[Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици|Светите Петнаесет тивериополски маченици]], каде се тврди дека Енравота - еден од синовите на Омуртаг ја прифатил новата вера.
 
== Смрт ==
Омуртаг починал во [[831]] година и бил наследен на престолот од третиот син [[Маламир]] († 836), бидејќи првородениот син Енравота (или Бојан) бил лишен од престолот поради прифаќањето на христијанската вера, а вториот син - Звиница, починал многу млад. Причините за смртта на Омуртаг се нејасни. По неочекуваната негова смрт се појавил слух, според кој владетелот бил убиен од еден свој големец. Некои научници, како полскиот византолог Т. Вашилевски, го прифаќаат ова тврдење.
 
Во продолжение на скоро едно столетие во историската наука се водело спор за местото на гробот на хан Омуртаг. Тоа довело до појава на голем број хипотези. Првите од нив се појавиле во врска со Трновскиот натпис на владетелот и претпоставката дека гробницата била изградена уште пред неговата смрт. Таму е опишано дека бил изграден т.н. Преславски дом, на средина на растојанието помеѓу него и Плиска била изградена могила. Професорот Васил Златарски објаснува дека грчкиот збор "τουμβαν" од натписот одговара не само на могила, туку и на гроб. По извршените археолошки ископувања во Могила, истата била откриена и денеска истата се нарекува Омуртагова.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Омуртаг