Титаник (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 34:
 
== Приказна ==
ВоОваа приказна во [[1996]], ловецот на богатства, Брок Ловет и неговиот тим ги истражуваат остатоците на потонатиот [[Брод (пловило)|брод]] [[Титаник]], и се во потрага за [[дијамант]]ната орглица “Срцето на океанот”. Но во текот на првата експедиција, не успеваат да го пронајдат дијамантот туку една папка со рачно цртани портрети во која се наоѓа цртеж на млада, гола жена која ја носи споменатата огрлица, насликан точно на денот кога е потонат [[Титаник]]. Веста за пронаоѓањето на цртежот наското доаѓа и до медиумите и привлекува внимание на Роуз Калверт, 100 годишна жена, која трврди дека таа е девојката од цртежот. Таа и нејзината внука Лизи доаѓаат во посета на Брок на бродот и Роуз почнува да се присетува на патувањето кое и го променило животот.
 
[[1912]], Роуз Девит Букатер заедно со својата мајка Рут и свршеникот Каледон “Кал” Хоклеј, заминуваат на [[Титаник]] како припадници на првата класа. Исфрустрирана поради свршувачката со Кал и неговата опсесија за непрекинато контролирање на нејзиниот живот, Роуз се обидува да се самоубие, но ја спасува Џек Девсон, млад и сиромашен уметник. Тие двајца на почетокот развиваат пријателски однос, но се завршува како вистинска љубовна, и страствена врска. Кал дознава дека Роуз се дружи со Џек, и ѝ забранува да се гледа со него.