Критериум ди Дофине: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
}}
 
'''Критериум дуди Дофине''' (пред 2010 позната каког.: '''Критериум дуди Дофине Либере''') — годишна велосипедска [[Друмски велосипедизам|друмска трка]], која се вози на 8 етапи низ областа [[Дофине]] во [[Франција]] во текот на првата половина на јуни. Трката била започната од локалниот весник, ''Дофине Либере'', преку кој трката го добила и името. Многу години, организацијата на настанот била поделена помеѓу издавачите на весникот и ''Amaury Sport Organisation'' (ASO): во 2010, весникот ги отстапил сите организациски надлежности на ASO и името на трката било скратено. Заедно со [[Тур де Свис]], Дофине е важна трка во рамките за подготовка на [[Тур де Франс]] во јули и е дел од календарот на [[Светска турнеја UCI|Светската турнеја]].
 
Бидејќи Дофине е планинска област, победниците често се специјалисти за искачување. Многу искачувања се познати од [[Тур де Франс]], како [[Мон Ванту]], [[Алп д’Ез]], [[Кол ду Галибие]] или ''Кол де ла Шартрос'', кои често се појавуваат на Дофине Либере. Сите велосипедисти, кои го освоиле Тур де Франс пет или повеќе пати, исто така имаат победено на Дофине Либере.