Антонио Вивалди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
== Опери ==
 
Во раниот XVIII век во Венеција (Antonio Lucio Vivaldi) операта била најпопуларната музичка форма, и исто така и најпрофитабилна за композиторот. Имало повеќе театри кои се натпреварувале за вниманието на јавноста. Вивалди неславно ја започнал својата кариера како оперски композитор. Неговата прва опера Ottone in villa не била изведена во Венеција, туку во Виченца во 1713. Следната година, станал менаџер на театарот Sant'Angelo во Венеција, каде била изведувана неговата опера Orlando finto pazzo. Сепак, операта не им се допаднала на луѓето, и Вивалди морал да ја затвори после неколку недели прикажување и да ја замени со веќе играна претстава од минатата година. Во 1715 ја претставил Nerone fatto Cesare, со музика од седум различни композитори, од кои тој имал најмногу арии. Овој пат операта била успех и подоцна истата година Вивалди планирал да претстави комплетно своја опера Arsilda regina di Ponto. Операта не ја поминала цензурата, главниот лик Арсилда се вљубува во друга жена, Лисеа, која се претставува како маж. Вивалди успеал да ја помине цензурата следната година, и била изведувана со величествен успех.
Во 1716 Вивалди напишал и продуцирал две опери L'incoronazione di Dario и La costanza trionfante degli amori e degli odi. Втората била толку популарна, што била преуредена и повторно прикажувана две години подоцна под името Artabano re dei Parti и била изведена дури и во Прага во 1732. Во следните години Вивалди напишал неколку опери кои биле изведувани низ цела Италија.
 
=== Зрелост ===