Петар Темелковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Alpinu (разговор | придонеси)
с French spelling (École Supérieure de Réalisation)
Ред 2:
 
'''Петар Темелковски''' (роден[[1946]] година во [[Богомила]]) е македонски [[театар]]ски и [[филм]]ски актер. Дипломирал на „Националната [[академија]] за [[театар]]ска и [[филм]]ска [[уметност]]“ во [[Софија]] и веднаш се вработил во Македонскиот народен театар „[[МНТ]]“. Во 1975 година се вработил во Драмскиот театар Скопје како Првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица... на филм и ТВ. Со своите врвни театарски остварувања, Темелковски имал бројни гостувања во [[Австралија]], [[Канада]], [[САД]], и [[Европа]].
Во 2007 година е назначен за Уметнички директор на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а истата година станува и Редовен професор на ЕСРА (EcoleÉcole SuperieureSupérieure de RealisationRéalisation Audiovisuelle), Скопје, Македонија.
 
Темелковски е актер со високо издиференцирана култура на говорот. Тој е, всушност, мајстор на говорот, еден од најдобрите што македонскиот театар ги има, еден од ретките кои умеат не само беспрекорно да ја искажат, туку и да ја обмислат а потоа и емоционално да ја “тонираат“ секоја текстовна партитура, вклучително и најсложената. Компликуваните стихови (хексаметри, двоено римувани) или долги “естетички“ монолози (како оној на Херман Клаус во “Диво месо“) за него се предизвици од прв ред, ама и врвни задоволства... Темелковски токму во таквите мигови сериозно ја чувствува апсолутната среќа што - ете - може да биде актер. Таквата апсолутна среќа за него е содржана токму во застрашувачката комбинација на големата сцена (на која стои, исправен!) и на уште поголем текст со кој таа сцена треба/мора да се исполни.