Георг Ом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
authority control moved to wikidata
сНема опис на уредувањето
Ред 40:
Приватните изучувања го подготвиле за [[докторат]]от што го стекнал на Ерлангенскиот Универзитет на 25 октомври 1811 година. Тој веднаш се приклучил на факултетот како професор по математика, но тој го напуштил после три семестри поради немањето на можност за напредок. Тој не можел да опстане со неговата плата како предавач. [[Баварија|Баварската влада]] му понудила место како наставник по математика и физика во училиште со лош квалитет во [[Бамберг]] кое Ом го прифатил во јануари 1813 година. Несреќен со неговата работа, Георг почнал да пишува учебник по [[геометрија]] како начин да ги покаже своите способности. Училиштето се затворило во Февруари 1816 година. Подоцна Баварската влада го испратила во преполното училиште во Бамберг за да помогне со наставата по математика.
 
[[File:Denkmal Ohm TU München.jpg|thumb|Споменик зана Ом (изработен од [[Вилхелм фон Риман]]) поставен во [[Минхенски технички универзитет|Минхенскиот технички универзитет]]]]
 
После својата работа во Бамберг, Ом го испратил својот завршен ракопис до [[Фредерик Вилијам III|кралот Вилхелм III од Прусија]]. Кралот бил задоволен од книгата на Ом, и му понудил на Ом место на језуитската гимназија во [[Келн]] на 11 септември 1817 година. Ова училиште имало голема репутација за добро научно образование и од Ом се побарало да предава [[физика]] заедно со математика. Во лабораторијата по физика имал добра опрема, тоа му овозможило на Ом да започне со експерименти по физика. Како син на бравар, Ом имал искуство со механички уреди.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Георг_Ом