Сатоши Омура: Разлика помеѓу преработките

јапонски биохемичар
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 23:14, 10 октомври 2015

Сатоши Омура (јапонски: 大村 智, роден на 12 јули 1935) во Нирасаки, Јаманаши, Јапонија - јапонски биохемичар познат е по откритието и развојот на разни лекови кои оригинално се наоѓаат во микроорганизмите. Во 2015 година доделена му е Нобеловата награда за физиологија или медицина (заедно со Вилијам Кемпбел и Ту Јују).

Сатоши Омура
Роден(а)12 јули 1935(1935-07-12)(88 г.)
Нирасаки, Јаманаши, Јапонија
НационалностЈапонец
ПолињаБиохемија
УстановиУниверзитет Китасато
Универзитет Веслијан
ОбразованиеУниверзитет Јаманаши
Токиски универзитет на науки (магистерски и постдокторски студии)
Универзитет Токио (докторски студии)
Познат поавермектин и ивермектин
Поважни наградиНобелова награда за физиологија или медицина (2015)
Награда Гарднер (2014)
Награда Кох (1997)
Награда на Јапонската академија (1990)


Образование

Омура дипломирал на универзитетот Јаманаши, магистрирал на Токискиот универзитет за науки, станал доктор по фармацевтски науки на универзитетот Токио и доктор по хемија на Токискиот универзитет за науки.[1]

Кариера

Сатоши Омура е почесен професор на универзитетот Китасато. Познат е по откритието и развојот на разни лекови кои оригинално постојат во микроорганизмите. Со Вилијам С. Кемпбел ја поделиле половина од Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2015 година за нивните истражувања на терапии против инфекции предизвикани од цевчести паразити (другата половина ја добил Ту Јују за неговата работа на третман на маларија). Попрецизно, неговата истражувачка група изолирала низа од Streptomyces avermitilis кои го продуцираат антипаразитното соединение avermectin. Подоцна Кемпбел ги прифатил овие бактерии и развил произлезениот лек ivermectin кој денес се користи против речното слепило, лимфната филаријаза и други паразитни инфекции.[1][2][3]


Награди

  • Нобелова награда за физиологија или медицина за 2015 година – поделена со Вилијам Кемпбел и Ту Јују
  • Награда Гарднер (2014)
  • Награда Кох (1997)
  • Награда на Јапонската академија (1990)

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Satoshi Omura PhD“. Посетено на 5 October 2015.
  2. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/medicine/laureates/2015/press.pdf
  3. „Japanese microbiologist Satoshi Omura shares Nobel Prize for medicine“. The Japan Times. 5 October 2015. Посетено на 5 October 2015.