Разлика помеѓу преработките на „Мерилин Монро“

Одземени 119 бајти ,  пред 4 години
Бришење на "Marilyn_Monroe_in_The_Asphalt_Jungle_trailer.jpg", беше избришана од Заедничката ризница о...
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
(Бришење на "Marilyn_Monroe_in_The_Asphalt_Jungle_trailer.jpg", беше избришана од Заедничката ризница о...)
Во 1948-ма година, Монро потпишува шестмесечен договор со ''Columbia Pictures'' и е претставена пред главниот учител по драма на студиото Наташа Литес, која ќе биде нејзин актерски учител во неколку години. Глуми во нискобуџетниот мјузикл ''[[Дамите од хорот]]''. Монро е напишана со големи букви како една од најсветлите точки на филмот, но филмот не носи никаков успех ниту за ''Колумбија'', ниту пак за Мерилин. За време на нејзиниот краток престој во ''Колумбија'', главниот на студиото Хери Кон на некој начин го омекнува нејзиното појавување, коригирајќи го благиот прегриз што Мерилин го има.
 
 
[[Image:Marilyn Monroe in The Asphalt Jungle trailer.jpg|thumb|во ''[[Џунгла на асфалтот]]'' (1950)]]
Таа има мала улога во филмот на Браќата Маркс, ''[[Среќни во Љубовта]]''(1949). Ги импресионира продуцентите, кои ја праќаат во [[Њујорк]] за да учествува во филмската промотивна кампања.<ref name=Summers45>Summers, p. 45.</ref> Улогата на Монро во ''[[Среќни во Љубовта]]'' го привлекува вниманието на агентот за таленти, Џони Хајд, кој се согласува да ја застапува. Тој ѝ договара аудиција кај [[Џон Хјустон]], кој ја најмува за во ''[[Џунгла на асфалтот]]'' да игра улога на млада љубовница на еден стар криминалец. Нејзината изведба е пофалена и е забележана од страна на писателот и режисер [[Џозеф Манкјевич]]. Тој го прифаќа предлогот на Хајд, Монро да одигра мала комична улога во ''[[Сè за Ева]]'' како госпоѓица Кесвел, амбициозна актерка, опишана од друг лик во филмот како студент на „Факултетот Копакабана за драмски уметности". Манкјевич подоцна коментира дека тој во неа забележал невиност која му се допаднала и дека токму ова ја потврдила неговата убеденост дека Монро е соодветна за улогата. По успехот на Монро во овие улоги, Хајд преговара за седумгодишен договор за неа со ''20th Century Fox'', кратко пред неговата смрт во декември 1950 година.<ref>Riese and Hitchens, p. 228.</ref> Некаде во текот на овој период на 1949-1950, Хајд договара на Монро да ѝ се отстрани еден мал дел од 'р'скавицата од нејзиниот малку луковичест нос, што подоцна, уште повеќе ќе го омекне нејзниниот изглед и ќе придонесе за онаа мала варијација во изгледот што таа го има во филмовите после 1950-тата.