Јордан Поп Јорданов (академик): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
}}
 
'''Јордан Поп - Јорданов''' (р. [[23 ноември]], [[1925]] во Велико Градиште) e [[Македонци|македонски]] и светски познат нуклеарен физичар, редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград, во пензија на отсекот за енергетика и електротехнички науки, филозоф, енергетичар. Бил претседател на [[МАНУ]] во периодот од [[1984]] до [[1991]] година. Како учесник во [[НОБ]] е носител на Партизанска споменица [[1941]]. Бил и првак на [[Македонија]] во [[тенис]] во 1950. За дописен член на [[МАНУ]] е избран на 25.12.1969, а за редовен член на 26.12.1974 година.
'''Јордан Поп - Јорданов''' бил претседател на [[МАНУ]] во периодот од [[1984]] до [[1991]] година.
 
==Образование и научни истражувања==
Автор е на над 200 публикации во полето на неутронската и реакторската физика, електричното инженерство, мозочниот електрицитет и филозофијата на науката. Покрај македонската, членува уште во пет странски академии на науки. Меѓу другото, во светот е познат по својата „''Поп-Јорданова метода''“ од областа на реакторската физика, објавена во престижното издание на Обединетите нации пред половина век<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22211935544&id=16&prilog=0&setIzdanie=22213|title=Академикот Поп-Јорданов награден за придонес во светската наука|accessdate=2012-08-25}}</ref>.
Гимназија завршил во [[Штип]], дипломирал филозофија во [[Скопје]] (1956) и електротехника во [[Белград]] (1960). Докторирал на отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград (1964). Бил визитинг-професор на наеколку универзитети во [[Европа]] и [[Америка]]. Истражувал во повеќе области: физика на неутрони и рекаторска физика, енергетика и обновливи извори, фотоволтаичен ефект, расејување на честички, состојба на природната околина и климатските промени, организација на науката, когнитивните процеси од филозофски и феноменолошки апсект, здравствени ризици од електроцентрали, моделирање на процесите на мозочните клетки и др.Главните научни придонеси се однесуваат на нуклеарната техника („метод на Поп-Јорданов“ во реакторска неутроника); електроенергетика (мултидизмензионална интерпретација на околински ризици); одржлив развој (негентропски концепт и ментални индикатори); невронаука (квантни ментални спектри) и филозофија на природните науки (интерпретација на микрочестичен дуализам).
 
==Работна и научна кариера==
 
Бил претседател на Научниот совет на Институтот за нуклеарни науки во Винча (1969-1970) во време кога тој институт бил најарфимриан научен центар во југоисточна Европа, како и декан на Електротехничкиот факултет во Белград (1977-1979). Во два мандата бил претседател на МАНУ (1984-1991). Од 1993 раководел со Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали при МАНУ, кој се развил во меѓународно афирмиран „центар на одличност“. Член е на 5 странски академиим и тоа: од 1981 година е член на Њујоршката академија на науките,од 1988 е член на Меѓународната академија на науките,од 1992 е член на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург, од 1998 година е член на Медитеранската академија од Неапол, a од 2005 година е член на Светската академија за уметност и наука, како и на Светската иновациона фондација. Реализиран голем број проекти, од кои преку 20 имале меѓународен карактер. На редовни и постдипломски студии на ЕТФ во Белград држел настава по атомска и статистичка физика, енергетска микрофизика и квантна електродинамика. На истиот факултет основал и постдипломска насока за сончева енергија, прва во Југославија од оваа проблематика. Предавал и на постдипломски студии на ПМФ и Филозофскиот факултет и во центарот за мултидисциплинарнистудии на Белградскиот универзитет, како и на ЕТФ во Скопје. Автор е на универзитетските учебници „Нерамнотежна статистичка физика“ (1981) и „Квантна електродинамика“ (1983) како и на неколку книги во земјата и странство. Објавил околу 300 научни трудови од кои две третини во меѓународни списанија и монографии. Неговите резултати се користени во многу странски статии, монографии и докторски дисертации. Учествувал на меѓународни научни собири во дваесетина земји на Европа, Америка и Азија, најчесто како поканет експерт. Бил реццензент на меѓународни научни списанија и референт за избор на професори на универзитети во Европа и Америка. Автор е на над 200 публикации во полето на неутронската и реакторската физика, електричното инженерство, мозочниот електрицитет и филозофијата на науката. Покрај македонската, членува уште во пет странски академии на науки. Меѓу другото, во светот е познат по својата „''Поп-Јорданова метода''“ од областа на реакторската физика, објавена во престижното издание на Обединетите нации пред половина век<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22211935544&id=16&prilog=0&setIzdanie=22213|title=Академикот Поп-Јорданов награден за придонес во светската наука|accessdate=2012-08-25}}</ref>.
 
==Награди и признанија==
 
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: Годишна награда на Институтот во Винча за индивидуално научно остварување (1964); Јубилејна награда на Институтот во Винча за развој на научната област (1968); награда на ВРЕН-УНЕСКО за најдобар труд на Светскиот конгрес по обновлива енергија во Денвер (1996); награда на Светската иновациона фонсација „За извонреден придонес за науката и човештвото“ (2003) и др.
 
== Наводи ==