Амнестија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
викификација
Ред 6:
 
==Примената на амнестијата како правен механизам во Македонија==
Од осамостојувањето до [[2015]] година, општата амнестија била применета во [[Македонија]] четири пати. Првиот [[закон]] за амнестија бил донесен во [[1991]] година, кога биле амнестирани 907 лица, од кои некои биле [[затвор]]еници, додека другите биле осудени со правосилни пресуди, но не отпочнале со издржување на затворските казни. Во [[1999]] година, [[Собрание на Република Македонија|Собранието]] донесло уште еден, но порестриктивен закон за амнестија. Тогаш, целосно биле ослободени од казните сторителите на криивчни дела со кои била предизвикана верска, национална и [[Раса|расна]] омраза. Притоа, на некои осуденици им биле намалени казните за 25%, на некои за 15%, додека за 10% им биле намалени казните на осудените за незаконско поседување [[оружје]] и [[трговија со дрога]]. Всушност, овој закон бил дел од политичкиот договор меѓу коалиционите партнери во владата, [[ВМРО-ДПМНЕ]] и [[ДПА]], со кој биле ослободени градоначалниците на [[Тетово]] и на [[Гостивар]], [[Алајдин Демири]] и [[Руфи Османи]], како и учесниците во обидот за отворање на незаконскиот [[универзитет]] на [[албански јазик]] во [[Мала Речица]]. Во [[2002]] година, како последица на [[Охридски рамковен договор|Охридскиот рамковен договор]], бил донесен третиот закон за амнестија, со кој се предвидувало ослободување од гонење, запирање на судските постапки и ослободување на затворениците поврзани со [[Војната во Македонија во 2001 година|војната од [[2001]] година. Од овој закон биле изземени само воените злосторства. Во [[2003]] година и со ревизијата од [[2004]] година, бил донесен четвртиот закон за амнестија, кој ги опфатил граѓаните кои ја одбегнувале воената обврска (неодговарањето на поканата за служење во [[Армија на Република Македонија|армијата]] и самоволно оддалечување од вооружените сили). [[Есен]]та 2015 година биле поведени посебни две иницијативи за донесување петти закон за амнестија, поднесени од [[Демократски сојуз|Демократскиот сојуз]] и од граѓанската активистка Мери Николова.<ref>Љубиша Арсиќ, „ВМРО-ДПМНЕ се плаши од амнестија за да не се соочи со Љубе Бошкоски!“, ''Фокус'', број 1043, 2.10.2015, стр. 10.</ref>
 
== Наводи ==