Амнестија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
викификација
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''Амнестија''' (од [[грчки]] ''amnestia, oblivion'') се донесува во облик на [[закон]] со кој одреден број лица се ослободуваат од гонење, потполно или делумно се ослободуваат од извршување на казните, им се заменува изразената казна со поблага, се одредува бришење на осуда или се укинуваат правните последици од таа осуда.
 
==Облици на амнестија==
Ред 6:
 
==Примената на амнестијата како правен механизам во Македонија==
Од осамостојувањето до [[2015]] година, општата амнестија била применета во [[Македонија]] четири пати. Првиот [[закон]] за амнестија бил донесен во [[1991]] година, кога биле амнестирани 907 лица, од кои некои биле [[затвор]]еници, додека другите биле осудени со правосилни пресуди, но не отпочнале со издржување на затворските казни. Во [[1999]] година, [[Собрание на Република Македонија|Собранието]] донесло уште еден, но порестриктивен закон за амнестија. Тогаш, целосно биле ослободени од казните сторителите на криивчни дела со кои била предизвикана верска, национална и [[Раса|расна]] омраза. Притоа, на некои осуденици им биле намалени казните за 25%, на некои за 15%, додека за 10% им биле намалени казните на осудените за незаконско поседување [[оружје]] и [[трговија со дрога]]. Всушност, овој закон бил дел од политичкиот договор меѓу коалиционите партнери во владата, [[ВМРО-ДПМНЕ]] и [[ДПА]], со кој биле ослободени градоначалниците на [[Тетово]] и на [[Гостивар]], [[Алајдин Демири]] и [[Руфи Османи]], како и учесниците во обидот за отворање на незаконскиот [[универзитет]] на [[албански јазик]] во [[Мала Речица]]. Во [[2002]] година, како последица на [[Охридски рамковен договор|Охридскиот рамковен договор]], бил донесен третиот закон за амнестија, со кој се предвидувало ослободување од гонење, запирање на судските постапки и ослободување на затворениците поврзани со [[Војната во Македонија во 2001 година|војната од [[2001]] година. Од овој закон биле изземени само воените злосторства. Во [[2003]] година и со ревизијата од [[2004]] година, бил донесен четвртиот закон за амнестија, кој ги опфатил граѓаните кои ја одбегнувале воената обврска (неодговарањето на поканата за служење во [[Армија на Република Македонија|армијата]] и самоволно оддалечување од вооружените сили).<ref>Љубиша Арсиќ, „ВМРО-ДПМНЕ се плаши од амнестија за да не се соочи со Љубе Бошкоски!“, ''Фокус'', број 1043, 2.10.2015, стр. 10.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
{{Никулец}}