Студена војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Студена војна''' — период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу [[САД]] и [[СССР]] и нивните сојузници од времето по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитетот помеѓу двете [[велесила|велесили]] се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и многу посредни војни.
 
Иако никогаш не дошло до непосреден воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Војната се нарекува „студена“ поради отсуството на вакви непосредни судири, колку и поради „заладеноста“ на односите помеѓу земјите во блоквоите. не Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили. Неколку пати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: [[Блокадата на Берлин]] во (1948-49.), [[Корејска војна|Корејската војна]] (1950-53.), [[Виетнамска војна|Виетнамската војна]] (1959-75.), [[Кубанска криза|Кубанската криза]] со нуклеарни проектили (1962.) и [[Советско-Авганистанска војна|Советско-Авганистанската војна]] (1979-89.).
 
Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите [[Михаил Горбачов]] од СССР и [[Роналд Реган]] од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.
Ред 28:
{{cquote|Од [[Шчеќин]] на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]] до [[Трст]] на [[Јадран]]от преку континентот се спушта „железна завеса“. Зад таа линија лежат сите главни градови на старите држави на Централна и Источна Европа. [[Варшава]], [[Берлин]], [[Прага]], [[Виена]], [[Будимпешта]], [[Белград]], [[Букурешт]] и [[Софија]] - сите овие славни градови и нивното население лежат во она што морам да го наречам Советска сфера, и сите се подложни, на еден или друг начин, не само на советското влијание, туку и на високо ниво на контрола од [[Москва]].}}
Черчил исто така се смета како еден од првичните иницијатори на Студената војна, особено бидејќи тој прв го употребил изразот "студена војна", а исто така и бил гневен на САД, особено на претседателот Франклин Делано Рузвелт, бидејќи Рузвелт се трудел да организира тајни состаноци со Сталин иако до тие состаноци никогаш не дошло. Черчил постојано му говорел на Рузвелт дека по Втората Светскасветска Војнавојна, Сталин и Советскиот Сојуз ќе имаат најголема добивка во Европа поради големите успеси на Црвената Армија, но Рузвелт му велел дека залудно "бара непријатели таму каде што ги нема". Ова се смета и како еден од основните мотиви поради кои што Черчил во 1946 ги применил изразите "железна завеса" и "студена војна".
 
== 1947-1953 ==
Ред 131:
Југославија се нашла во тешка економска состојба по распадот на блоковскиот систем бидејќи нејзиното стратешко значење опаднало. Поради ова, како и поради нарушувањето на балансот на интереси внатре во земјата, дошло до распад на Југославија проследен со крвави граѓански војни. Македонија имала огромни економски тешкотии во преструктурирањето на економијата и трговијата, како и етнички тензии; дел од тие последици се чувствуваат и денес.
 
== ЗавршиДали лиСтудената војна навистина студенатае Војназавршена ==
 
За мнозинството земји во светот Студената војна завршила со распадот на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт и со уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на источна и западна Германија во една држава.