Разлика помеѓу преработките на „Студена војна“

Додадени 20 бајти ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
На повоена Европа и' била потребна голема помош за обновата, и САД и СССР се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. САД решиле дека и покрај военото непријателство, мораат да и' помогнат на разурнатата Германија, бидејќи таа била важен индустриски фактор околу кој се вртела економијата на поголемиот дел од Европа<ref>[http://www.usip.org/pubs/peaceworks/pwks49.pdf Ray Salvatore Jennings "The Road Ahead: Lessons in Nation Building from Japan, Germany, and Afghanistan for Postwar Iraq] May 2003, Peaceworks No. 49 pg.15</ref>. САД го развиле и тнр. [[Маршалов план]] како механизам за економска помош. Советите пак, го формирале КОМЕКОН - советот за меѓусебна економска помош.
 
Покрај тоа, САД финансиски ги помогнале демократските сили во Италија на изборите во 1948 за да ја победат силната Комунистичка партија на Италија. Исто така, финансиски, со 400 милиони долари, ги помогнале и Грчките ројалисти во Граѓанската војна во Грција во борбата против комунистите, кои пак ги поддржувала [[СФРЈ|Титова Југославија]] (Ројалистите ова го искористиле за да извршат [[Грчка граѓанска војна|геноцид врз Македонците]] кои биле на страната на комунистите и протерале стотици илјади [[Егејци|Македонци]] од северна[[Егејска ГрцијаМакедонија]]).<ref name = "LaFeber 1991" /> Со помагањето на Грција, САД направиле преседан со кој и подоцна помагале анти-комунистички режими, без оглед колку тие биле репресивни и корумпирани.<ref name = "LaFeber 1991" />
 
Во 1949 Советите извршиле нуклеарна проба, и станале рамноправна воена сила со САД во поглед на нуклеарното вооружување.
== Македонија во Студената војна ==
 
=== Прогонот на Македонците од СевернаЕгејска ГрцијаМакедонија ===
 
Во 1947. Британската влада објавила дека поради финансиски тешкотии не може повеќе да го финансира Грчкиот монархиски воен режим во неговата [[Грчка граѓанска војна|граѓанска војна]] против комунистите. Наместо да го сметаат овој конфликт за внатрешно прашање на Грција, клучните луѓе во владата на САД го интерпретирале како Советско масло; напротив, Сталин, во договор со Черчил, воопшто не се мешал во конфликтот, а комунистите помошта ја добивале од Тито.<ref name="LaFeber 1991" /> Државниот секретар на САД Дин Ачесон го обвинил Советскиот Сојуз за заговор против Грчките ројалисти во обид да го прошири влијанието до Медитеранот (што бил долгорочен сон на Русија, види: [[Сан-Стефански договор]]. Така во март 1947. Труман објавил дека „политика на САД е да ги помагаат слободните народи кои се опираат на обиди за потчинување од вооружени малцинства или од надворешни притисоци“. Труман наменил (за тоа време огромни) 400 милиони долари за помош на ројалистите во Грција. За да го убеди републиканскиот Конгрес да гласа за оваа помош (Труман бил демократ), тој ја претставил ситуацијата во Грција како борба помеѓу слободниот народ и тоталитарните режими.<ref name = "LaFeber 1991" /> Ова бил еден од зачетоците на Студената војна.