Бела кула (Солун): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Кулата е најисточната од трите кули на морските ѕидини на градот. Таа ги поврзувала источните ѕидини со морските ѕидини на градот, разделувајќи ја евејската населба од муслиманските гробишта. Кулата била изградена од османлискиот султан [[Сулејман I]] во периодот од [[1535]] до [[1536]] година. Според некои податоци, кулата била изградена од страна на [[Мурат II]] по опсадата на градот во [[1430]] година. Историчарот Франц Бабингер пишува дека е можно оваа кула да била дизајнирана од големиот османлиски архитект [[Мимар Синан]] бидејќи слична таква кула во истиот период била изградена на албанското пристаниште во [[Валона]] во [[1537]] година.
 
Од страна на османлиските власти била користена како тврдина и затвор, место во кои лежеле голем број на македонски револуционери и противници на османлиската власт. Во [[1826]] година по наредба на султанот [[Махмуд II]] во кулата масовно започнале да се убиваат затворениците. Поради безбројните жртви од османлиската тортура и егзекуции, кулата била наречена Кула на Јаничарите, Камлакуле - Кулата на крвта и Црвена кула до кон крајот на [[19 век]]. Турците издале посебна султанска наредба која се викала [[ираде]], со која се забранувало затворот да се нарекува Крвава кула. Во [[1890]] година кулата била варосани и така се здобила со денешното име. Иако денес фасадата има светложолта боја, таа сеуште се нарекува Бела кула.
 
По крајот на [[Балканските војни]], [[Солун]] станал дел од [[Грција]], и во текот на [[Првата светска војна]], кулата се користела како команден центар и како магацин за археолошки наоди, откриени од британските делови. Подоцна била користена како елемент за воздушна одбрана на градот и како метеоролошка лабораторија на Солунскиот универзитет. Пред кулата работело познатото кафуле и театар "Театарт на Белата кула", срушен во [[1954]] година за проширување на паркот.