Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
dare
Одбиена последната промена (од 95.86.57.21) и ја поврати преработката 3405728 на 31.11.70.142
Ред 1:
{{WW2InfoBox}}
'''Втората светска војна''' е глобален вооружен конфликт што почнал на [[7 јули]] [[1937]] година во [[Азија]] и на [[1 септември]] [[1939]]<ref>Определената дата за тоа кога започнала Втората светска војна има условен карактер и се оспорува со неколку истражувања, на пример:[http://www.argumenti.ru/publications/6683 ''Кога започна Втората светска?''], Валентин Фалин, ''Аргументы недели'' 18(104) од 7 мај 2008 г., </ref> во [[Европа]] и траел до 8 мај 1945 во Европа со капитулацијата на Германија, а до [[2 септември]] [[1945]] во Азија со капитулацијата на [[Јапонија]]. Втората Светска војна ги зафатила мнозинството на земји во светот на секој населен [[континент]]. Речиси сите земји што биле вклучени во [[Прва Светска војна|Првата Светска војна]] биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот и најскапиот [[војна|вооружен конфликт]] во светската [[историја]].
 
Причините за војната, кои најчесто се припишуваат на [[Версајски договор|Версајскиот договор]], [[Големата криза од 1929]], [[национализам|национализмот]] и [[милитаризам|милитаризмот]], се предмет на дебати. На кој датум војната започнала е исто така предмет на расправа, најчесто се смета дека таа официјално започнала со [[Германија|германската]] инвазија на [[Полска]] на [[1 септември]] [[1939]], но исто така се наведуваат и други датуми - [[Јапонија|јапонската]] инвазија на [[Кина]] на [[7 јули]] [[1937]] (почетокот на [[Втора Кинеско-јапонска војна|Втората Кинеско-јапонска војна]]), или уште порано - во [[1931]] со јапонската инвазија на [[Манџурија]]. Некои, пак, сметаат дека Првата и Втората Светска војна се еден конфликт раздвоен само со "[[прекин на огнот]]".