Кино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 4:
 
==Киното во Македонија==
Битолчанецот Лазар Сорчев, веројатно, бил првиот човек кој прикажувал филмови во [[Македонија]], а тоа се случувало пред [[браќата Манаки]] да го отворат нивното кино во [[Битола]]. Имено, Сорчев се вратил од [[САД]] непосредно пред крајот на [[Првата светска војна]] и во една барака во центарот на Битола отворил кафеана. Наговорен од неговиот пријател Темелко Трајков, Сорчев инсталирал кино-проектор и во [[1920]] година започнал да прикажува филмови. Покрај програмите со играни филмови, еднаш неделно, во претпладневните часови, тој одржувал и бесплатни проекции на здравственообразовни филмови, придружени со соодветни предавања. Киното работело до [[1923]] година, со тоа што во [[Зима|зимскиот]] период од [[1921]] до 1923 година, Сорчев им го издавал киното на браќата Манаки, додека тие ја граделе нивната кино-сала на „[[Широк-сокак]]“. Во [[Штип]], со прикажување на филмови се бавел Лазар Казанџиев, кој дури по [[1945]] година лежел и в [[затвор]].<ref>Жанета Здравковска, „Французи и Британци снимале филмови за Илинденското востание уште во 1903“, ''Дневник'', година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 19.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кино