Илинденско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Одглас: дополнување
Ред 366:
За [[Австро-Унгарија]] и царска [[Русија]], на пример, тоа претставувало тешко искушение, бидејќи го рушело постојниот статус-кво на Балканот, за што особено се залагале двете големи сили при неможноста сами да ги реализираат своите аспирации врз [[Османска империја|Османската империја]]. Нивната цел била - со строго дозирани подобрувања во [[Македонија]] да се сочуваат секакви радикални решенија што би ги прејудицирале нивните намери.
 
За таа цел, во [[февруари]] [[1903]] година, пред востанието, тие веќе изнудиле извесни анемични реформи од Османската империја. Другите европски сили биле не помалку заинтересирани за положбата во [[Македонија]], односно во Османската империја, но и нивната дипломатија, со исклучок на повремени сондажни предлози, се држела настрана очекувајќи иницијативи од заинтересираните [[Австро-Унгарија]] и [[Русија]], кои ќе ја смират положбата во Македонија.
 
За тоа да не се менува положбата на [[Балкан|Балканот]] биле заинтересирани и малите балкански држави, кои аспирирале врз [[Македонија]]. Затоа ни тие не биле расположени за успех на востанието. За нив, позитивните резултати на ослободителната револуција во Македонија практично значеле пресекување на нивните територијални аспирации врз последната, а тоа значело пресекување и на илузиите за господство на Балканот. Тоа го определувало и нивниот негативен однос спрема Илинденското востание.
 
Прогресивната светска јавност се однесувала со искрени симпатии спрема борбата на македонскиот народ. Европскиот и светскиот печат бил преполн со вести за ситуацијата во [[Македонија]], за крвавите репресалии на казнените експедиции на турската војска итн. Насекаде се дигнал бран од протести во полза на македонскиот народ. Под раководството на истакнати личности од областа на културата, уметноста и политичкиот живот, како [[Лав Толстој]], [[Максим Горки]], [[Анатол Франс]], [[Жан Жорес]], [[Виктор Берар]], [[Франс де Пресанс]], [[Артур Еванс]], [[Хенри Брејлсфорд]] и други, се создало цело движење за помош на македонскиот народ.
 
Исто така, низ [[Европа]] биле снимани и прикажувани филмови инспирирани од Илинденското востание. Така, според [[Книга|книгата]] „Само сонот е стварност“ на [[Илинденка Петрушевска]], уште во 1903 година бил снимен [[филм]]от „Колежите во Македонија“, во продукција на компанијата „Браќа Пате“ од [[Франција]]. [[Режисер]] на филмот бил Лисиен Нонгие, а филмот бил снимен во студијата на компанијата во Венсан, во близина на [[Париз]]. Филмот, со должина од 35 метри и траење од две минути, бил прикажуван во Франција и Британија под насловот „Турски суровости“, а во [[1904]] година, филмот се прикажувал и во [[Љубљана]] и во [[Белград]]. Во 1903 година, и во [[Велика Британија]] бил снимен [[документарен филм]] за последиците од Илинденското востание, снимен од Чарлс Рајдер Нобл од [[Лондон]], кој престојувал во Македонија од [[есен]]та 1903 до почетокот на 1904 година. За тоа време, Нобл снимил осум филмови во [[Пиринска Македонија|Пиринска]] и [[Југоисточна Македонија]], чија вкупна должина изнесувала 253 метри, со траење од 15 минути. Еден од неговите најпопуларни филмови бил „Македонските востаници се борат со Турците“ во кој била прикажана борба со турскиот аскер во која загинал еден комита, а четворица биле повредени. Овој филм бил прикажуван во 1904 година во познатата сала во Лондон „Алхамбра“, а за филмот пишувале и водечките британски весници, како: „Блек енд вајт“, „Морнинг пост“, „Пеликан“ итн. Исто така, овој филм бил прикажуван и во Македонија и во [[Бугарија]].<ref>Жанета Здравковска, „Французи и Британци снимале филмови за Илинденското востание уште во 1903“, ''Дневник'', година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 19.</ref>
Во [[Англија]], [[Франција]], [[Италија]] и [[САД]] се создале ''македонски комитети'', кои станале организатори на импозантни митинзи. На пример, само во [[Англија]] биле одржани околу 200 митинзи во полза на македонскиот народ.Митинзи биле одржани и во [[Париз]] и [[Рим]].
 
Во [[Англија]], [[Франција]], [[Италија]] и [[САД]] се создале ''македонски комитети'', кои станале организатори на импозантни митинзи. На пример, само во [[Англија]] биле одржани околу 200 митинзи во полза на македонскиот народ. Митинзи биле одржани и во [[Париз]] и [[Рим]].
 
Оваа хумана акција ги зафатила и јужнословенските народи. Во [[Љубљана]], [[Загреб]], [[Белград]], [[Софија]], прогресивните општествени сили и прогресивната младина се дигнале во заштита на македонскиот народ и во прибирање помош за настраданото население.