Разлика помеѓу преработките на „Костинци“

Додадени 465 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
 
== Стопанство ==
Според составот на атарот Костинци има изразита поледелска функција. На плодното рамничарско земјиште околу, населението како и во целиот прилепски крај најмногу одгледува тутун, жито - особено пченица и пченка, за кои има современ млин-мелница, сончоглед. За плодноста и родноста на земјата сведочи името на една местност со ниви која се нарекува „Илјадница“, а која што името го добила по тоа што на неа имало илјада снопови ожнеана пченица. Сите куќи имаат пространи дворови во кои има бавчи во кои жителите одгледуваат градинарски производи под пластеници и на отворено, од кои најмногу: пиперки, патлиџани (домати), краставици, компир, кромид, лук, бостан - лубеници, тикви, дињи, како и голем број на овошни дрвја како јаболка, круши, сливи и ореви. Доста е застапено и сточарството односно одгледување на крупен добиток. На самиот влез на селото постои новоизградена краварска фарма во која се одгледуваат десетици крави, а чиј сопственик дополнително обработува и 150 хектари државно земјоделско земјиште под разни насади и култури при што покрај за брашно и леб, се одгледуваат и фуражни култури за сточна храна. До 2013 во Костинци работела и продавница, а има и земјоделска задруга.
 
== Население ==
Костинци од секогаш во целост е населено со православни [[Македонци]]. Како што е споменато најстар македонски род во селото, кој најверојатно се старинци, се ''Ѓерекарци'' (слават [[Митровден]]). Родот потекнува од предокот Нестор кој е повеќе запамтен под прекарот Ѓерекар кој живеел кон крајот на XVIII век. Познат е следниот родослов на овој род: Милан 77 години во 1954 – Ѓорѓија-Миленко-Цветан-Нестор. Се зборува дека Нестор имал задруга од 36 луѓе кои најпрвин биле единствените жители на Костинци. Споменатиот Нестор со царски „берат“ (дозвола) ја извршувал должноста на доганџија – наоѓал и вежбал соколи за царскиот двор во Цариград, поради што тој во овој крај уживал одредени повластувања. За Нестор Ѓерекар се вели дека бил богат и силен човек кој „судел“ овде. Имал 12.000 овци, чии што трла биле во местноста Бело Поле спрема селото Слепче. Еднаш неговите кучиња растргнале неколку жени од Слепче, за што тој ја убил и својата сестра Чамина која ги осудувала неговите недела. После тоа споменатата задруга изумрела: од 36 членови, живи останале две деца - едно момче и едно девојче. Момчето израснало во селото [[Дебреште]], а девојката во [[Долнени]]. Кога пораснало момчето се вратило во Костинци и од него потекнува денешниот род. ''Шутковци'' и ''Пупунчевци'' слават Митровден. Тие се гранки на родот Ѓерекари. Доселени македонски родови се: ''Џиковци'' и ''Јанкуловци'' кои слават Митровден. Се доселиле на крајот на XVIII век од прилепското село [[Беловодица]] во долината Раец. ''Трпановци'' (слават Св. Никола) потекнуваат од Трпан кој пред околу 220 години се доселил од [[Богомила]] во долината на [[Бабуна]]. Се знае следниот нивен родослов: Бошко 72 години во 1954 – Ристе-Тале-Бошко-Трпан. ''Куртовци'' (слават Свети Никола) дошле од Белутино, сега пусто селиште помеѓу [[Слепче]] и [[Гостиражни]]. ''Димковци'' (слават Свети Архангел) дошле од [[Секирци]] каде имаат роднини (Божиновци и Ѓоревци) чие подалечно потекло е од [[Порече]]. ''Здравевци'' (слават Свети Никола) за кои се говори дека „биле момоци во [[Сливје]], па во манастирот во [[Зрзе]] и во [[Чепигово]]“, а овде дошле во 1912 година.
 
== Општествени установи ==
Во Костинци работат следните општествени установи: +
* [[ОУ „Петре Глигуроски“ - Костинци]] - основното училиште во кое настава посетуваат 4 ученици,
* здравствен дом - амбуланта,
* пошта
* матична служба
== Културни и природни знаменитости ==
;Цркви<ref>{{цитирана книга|last=Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски|title=Карта на верски објекти во Македонија|editor=Валентина Божиновска|publisher=Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи|location=Менора - Скопје|date=2011|isbn=978-608-65143-2-7|language=македонски}}</ref>