Костинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
Селото Костинци за прв пат во пишаните историски документи се споменува во 1337 година под името ''Костино'', кога кралот [[Стефан Душан]] го приложил на [[Манастир Трескавец|манастирот Трескавец]].<ref name=jovantrifunoski>{{цитирана книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=српски| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 | pages = 373}}</ref>. Во средниот век постоело селиште со име Костино, кое во 1335 година било потврдено како посед на манастирот Трескавец од царот Душан. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци. Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во Втората светска војна. За време на Првата светска војна на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“. Недалеку од селото се местностите Езериште и Рибник. Во Рибник се ловела риба за манастирот Трескавец близу Прилеп. Во Костинци постои црква Рождество на Пресвета Богородица, изградена во XIX век, крај која се и селските гробишта. Потегот Езериште порано било црковен имот, кој потоа го завладеал еден чифлик-сајбија, за на крај тоа земјиште да го купат селаните. Селска и црковна слава е Мала Богородица. За време на турското владеење, воглавно во XIX век, во Костинци имало седум чифлици од кои еден бил во сопственост на жител од Зајас кај Кичево, а другите биле од Прилеп. Како и во другите села, тие тука претходно биле полјаци и ќаи – чувари на стока. Сите селани работеле како момци и ортаци на чифлиците, а по 1912 година ја купиле земјата. Во средината на педесетите години на ХХ век Костинци било општина за поголем број села од овој северен крај на Прилепското Поле. Бројот на домаќинства во текот на ХХ век изнесувал: 41 во 1921 г., 53 во 1948 г., 56 во 1954 г., 76 во 1961 година.
 
== ЕкономијаСтопанство ==
 
== Демографија ==