Остеопороза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, викификација
→‎Клиничка слика: ситна поправка
Ред 34:
* сенилна остеопороза или инволуциска (тип II), која се јавува претежно кај постарото население над 70 години, и е двапати почеста кај жените.
==Клиничка слика==
[[Податотека:Active osteoblasts.jpg|мини|климичкаклиничка слика]]
Болните можат да заболат од остеопороза и со години да немаат симптоми. Фрактури на [[‘Рбетен столб|‘рбетниот столб]], кои се една од најчестите компликации на болеста и кои предизвикуваат болка во грбот, се јавуваат без или после минимална траума. Најчести се на лумбалните и долните [[торакални пршлени]]. Локално се развива акутна болка и обично попушта по неколку дена или недели. Со тек на време, фрактурите предизвикуваат дорзална [[кифоза]], со вратна [[лордоза]] и хронична грбна болка, посебно во долниот лумбо-сакрален дел. Болната чуствителност често се забележува по должината на [[Ребро|ребрениот]] раб на соодветниот [[спинален нерв]]. Со напредокот на болеста, епизодите на фрактурите на пршлените се повторуваат, висината на телото се намалува, исчезнува физиолошкиот облик на ‘рбетниот столб, додека торакалната фисура се продлабочува до тој степен, што ребрата налегнуваат на илијачната коска од [[Карлица|карлицата]]. Останатите видови на фрактури обично не настануваат спонтано, туку како резултат на механички повреди, на пример, при пад.
Сепак, дури и кога човекот ќе заболи од остеопороза, може да се врати густината на коските, а тоа може да се постигне со комбинација на физички вежби, здрава исхрана, внесување витамини и лекови.<ref>„Остеопороза - Кога коските ќе ослабнат и попуштат“, ''Здравје'', понеделник, 27 октомври 2014, стр. 18.</ref>
 
==Дијагноза==
Кај 20% од женската популација е присутна хиперкалциурија (зголемена концентрација на калциум во [[Урина|урината]]). Останатите биохемиски наоди се уредни. [[Рендген|Рендгенската]] [[дијагностика]] е корисна во текот на подоцнежните фази на [[Болест|болеста]], кога се губат повеќе од 30% од коскеното ткиво. На рендгенските снимки се гледа намалена густина (дензитет) на коските.