Блок (периоден систем): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
Постои приближно соодветство помеѓу оваа блоковска номенклатура според електронската конфигурација и групирањата на елементите во зависност од хемиските својства. s-блокот и p-блокот заедно се сметаат за елементи од главната група, d-блокот одговара на [[преоден метал|преодните метали]], а f-блокот ги опфаќа [[лантаноид]]ите и [[актиноид]]ите. Сепак, постојат различни мислења во врска со точната припадност на некои елементи, па така некои ги сметаат елементите од [[XII група на периодниот систем|XII група]] (цинк, кадмиум и жива) за главна група, а други за преодни метали. Групите (колоните) во f-блокот (помеѓу групите 2 и 3) немаат броеви.
 
Во таблиците подредени по блокови, [[хелиум]]от е сместен до [[водород]]от, наместо врз [[неон]]от, како кај оние подредени по хемиски својства. Ова е така бидејќи хелиумот се наоѓа во s-блокот, со неговите надворешни (и единствени) електрони во [[атомска орбитала|атомската орбитала]] 1s. Покрај блоковите наведени на таблицава, постои и хипотетички g-блок, чии елементи се наоѓаат во дополнетиот [[проширен периоден систем на елементите|проширен периоден систем]]. Освен тоа, [[лутециум]]от и [[лоуренциумлоренциум]]от се ставени под [[скандиум]]от и [[итриум]]от за да се покаже дека се елементи од d-блокот<ref>{{нмс|last1=Scerri|first1=Eric|title=Mendeleev's table finally completed and what to do about group 3|url=http://www.iupac.org/publications/ci/2012/3404/ud.html}}</ref> (макар што, изнесени се и аргументи дека [[лантан]]от и [[актиниум]]от треба да бидат на нивно место, бидејќи немаат електрони во орбиталите 4f и 5f за разлика од првоспоменатите).<ref>{{нмс|last1=Lavelle|first1=Laurence|title=Lanthanum (La) and Actinium (Ac) Should Remain in the d-Block|url=https://lavelle.chem.ucla.edu/wp-content/supporting-files/Publications/Lavelle_LaAc_in_d_Block_JCE2008p1482.pdf|website=lavelle.chem.ucla.edu|accessdate=9 November 2014}}</ref>