Земјотрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
викификација
→‎Големи земјотреси: викификација
Ред 75:
Еден од најпознатите катастрофални земјотреси во пишаната историја се случил на [[23 јануари]] [[1556]] г. во провинцијата Шанкси, [[Кина]], каде загинале повеќе од 830.000 луѓе. Поголемиот дел од населението во тој период живееле во места наречени “yaodongs” - вештачки [[Пештера|пештери]] во [[Карпа|карпи]], од кои повеќето биле срушени за време на катастрофата. Во [[1976]] г., земјотресот во Тангшан, со бројка на загинати лица која се проценува помеѓу 240.000 и 655.000, се верува дека е најголемиот земјотрес на [[20. век]]. Земјотресот од [[22 мај]] [[1960]] г. е најголемиот земјотрес што се измерил на [[сеизмограф]], достигнувајќи јачина од 9.5°. Неговиот епицентар бил во близина на Кањете, Чиле. Ослободената енергија била приближно два пати поголема од следниот најмоќен земјотрес, големиот земјотрес во [[Аљаска]], со епицентар во заливот на Аљаска.
<br />
Во [[2010]] година, силен земјотрес, со јачина од 8,8 степени, го погодил јужниот дел на Чиле (во градот Консепсион) при што загинале над 500 луѓе, а биле уништени 220.000 објекти. Во [[септември]] [[2015]] година, силен земјотрес, со јачина од 8,3 степени според [[Рихтерова скала|Рихтеровата скала]], го погодил централниот регион на [[Чиле]], во близината на [[Илјапел]]. Притоа загинале најмалку пет лица, но еден милион луѓе биле евакуирани. Според Геолошкиот топографски институт на [[САД]], центарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 25 [[Километар|километри]], додека [[Сеизмологија|сеизмолозите]] од Чиле пресметале дека длабочината изнесувала 11 километри.<ref>„Силен земјотрес во Чиле, евакуирани еден милион луѓе“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 14.</ref>
 
==Предвидување==