Книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Литература}}
'''Книжевност''' (од [[Прасловенски јазик|прасловенски]]: ''kъnigaкънига'' — книга) или '''литература''' ({{lang-la|lit(t)era}} — буква) — уметноста на пишани дела. Иако двата поими се синонимни, ''книжевност'' го опфаќа уметничкиот дел од творештвото, додека поимот ''литература'' се користи за означување на каков било вид пишано творештво. Како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, како и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки, така и во рамките на една издвоена култура.
 
Во [[антика]]та и подоцнежното време, денешното значење на поимот ''[[поезија]]'' тогаш го носел значењето ''литература'', бидејќи уметноста да се твори, односно пишува во стихови се сметала за литература. [[Проза|Прозата]], од друга страна дури подоцна почнала да се оформува како посебна уметност, за да сега и прозата и поезијата претставуваат само начин на кој се пишува, односно твори или создава едно книжевно дело.