Записи од подземјето: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Содржина: викификација
Ред 13:
<br />
Во вториот дел од романот се опишани три конкретни епизоди од животот на главниот лик, во времето кога имал 24 години:
Една ноќ, поминувајќи крај една кафеана, тој видел како некој човек го фрлиле низ прозорецот и посакал и нему да му го направат истото. Оттука, тој влегол во кафеаната со намера да предизвика инцидент, но таму, некој висок [[офицер]] едноставно го фатил и го преместил од едно на друго место, без притоа воопшто да му обрне внимание. Поради тоа, главниот јунак побеснел и почнал да го следи офицерот, со намера да му се одмазди. Притоа, неговиот план се состоел во тоа да се судри со офицерот и потоа да го предизвика на [[двобој]]. По многу неуспешни обиди, конечно тој се откажал од својата намера, но токму тогаш се судрил со офицерот и задоволно се вратил во својот дом, чувствувајќи се како победник.
<br />
Еднаш, главниот лик на романот го посетил својот школски другар Симонов и таму затекнал и двајца други свои поранешни школски другари, кои се договарале да организираат вечера во чест на заминувањето на офицерот Зверков. Љубоморен затоа што тој не бил поканет, главниот лик се наметнал и тој да оди на вечерата, а таму се однесувал непристојно, со намера да го навреди Зверков. Најпосле, бидејќи цело време бил игнориран од славениците, тој поминал три часа чекорејќи ваму-таму низ салата од хотелот[[хотел]]от во кој вечерале. Ноќта, неговите школски другари одлучиле да одат во јавна куќа, а тој повторно им се наметнал и тргнал да ги следи, со намера да му удри шлаканица на Зверков.
<br />
КкаоКако по обичај, тој не го остварил планот, бидејќи во јавната куќа не ги нашол познаниците. Таму ја запознал куртизаната[[Проституција|проститутката]] Лиза на која ѝ одржал морална[[морал]]на поука, советувајќи ја да го напушти таквиот живот и да се омажи. Потресена од неговите зборови, Лиза започнала да плаче и да очајува. Но, утредента, кога се сетил на претходната ноќ, тој започнал да се кае, плашејќи се дека Лиза ќе го посети и ќе ја види неговата сиромаштија. И навистина, неколку дена подоцна, Лиза дошла во неговиот дом, а тој, засрамен од бедата во која живеел, западнал во [[хистерија]] и започнал да ја навредува и да плаче. Увидувајќи дека тој се наоѓа во исто толку бедна и изгубена положба како и неа, Лиза започнала да го теши, но тој грубо ја избркал од својот дом. Потоа, тој се премислил и истрчал надвор во потрага по неа, но нејзе ѝ се изгубила трагата. Така, тој повторно останал зафрлен во своето дувло, осамен и отуѓен, со омраза кон целито свет.
 
==За романот==