Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
== Историја ==
[[File:Село (Б)Зовиќ во Мариово.JPG|thumb|200px|десно|Глетка на селото Зовиќ со врвот [[Кајмакчалан]] на планината [[Ниџе]] во позадината]]
Во минатото селото се викало Лениште и се наоѓало на во местност одалечена околу 500 метри од сегашното село. Меѓутоа за време на турското владеење селото било опљачкано и запалено поради што неговите жители биле принудени да се преселат на друго место, околу една чешма која селаните ја викале Бзовиќ и се наоѓала на местото на денешното село при што на тој начин било основано и населено денешното село Зовиќ. Се претпоставува дека ова преместување, односно основањето на сегашното село Зовиќ се случило во XVII век, кога била изградена и малата еднокорабна црква [[Црква „Св. Атанасиј“ - ЗовичЗовиќ|Свети Атанасиј]] која се наоѓа на врвот на ридот веднаш над самото дело. На местноста на старото село која е во службените и административни катастарски евиденции е посебно заведена и позната како Зович I, селаните долго време подоцна сѐ уште оделе и обработувале земја, садејќи компир и ја терале стоката на напасување<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>. Дека селото Зовиќ постоело во средновековниот период уште кон крајот на 15 век и средината на 16 век сведочат отоманските (турски) пописни и даночни дефтери кои во 1476/77 забележале 18 семејства, во 1481/82 попишале 28 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 50 домови во [[1519]] година, 57 домаќинства во 1528/29 и опаѓање на 40 во 1544/45 година. Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов ''„Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“'' на [[21 ноември]] [[1859]] за селата во [[Мариово]], македонскиот просветител [[Јордан Хаџи Константинов-Џинот]] селото Бзовиќ погрешно го запишал со името ''Взоид'' наведувајќи дека има 65 куќи и стара црква. Во XIX век селото Зовиќ било едно од мариовските села во кое било најголемо влијанието на грчката пропаганда<ref>Башески, Илија. ''Мариово и Меглен - Природни и социо-економски карактеристики''. во: ''Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен'', Зборник на материјали од научниот собир одржан во Прилеп и Витолиште 24, 25.05.1990. Прилеп, 1994. стр. 55</ref>. Но, додека на делови од оштетениот живопис во малата црква Св. Атанасиј над селото се забележуваат натписи на грчко писмо, во главната селска црква изградена во 1862 година, а по големите оштетувања во [[Прва светска војна|Првата светска војна]] возобновена во 1927, има натписи само на старословенско писмо и книги на црковнословенски јазик. Селото растело по бројот на жители и домаќинства сѐ до шеесетите години на ХХ век, кога започнал бран на иселувања кој придонел за особено забележителен пад на бројот на жители по 1971 година. Во седумдесетите години селото добива и струја, што пак не го спречува процесот на иселување и раселување.
 
=== Потекло и значење на името ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ