Бушева Планина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
 
==Туризам==
Поради извонредните природни убавини и бројните културно-историски знаменитости поврзани со [[Илинденско востание|Илинденското востание]], Бушева Планина претставува значајно туристичко место со доста развиен туризам и во зимно и во летно време. На падините веднаш над [[Крушево]] постои и функционира скијачки центар со жичарница која тргнува од самиот град и со два ски-лифта, кои се доста посетени во зима кога исто така на погодните терени околу Крушево е развиено и нордиското трчање. Во летниот период Крушево и Бушева Планина се најпознати по летањето со параглајдери. Поради убавината на местото и глетката кон полето во [[Пелагонија]], познатиот центар за летање со параглајдери на [[Мечкин Камен]] покрај за бројните странски и домашни туристи, е домаќин и на балканското првенство како и наицоналните првенства во летање со параглајдер на повеќе различни држави меѓу кои [[Полска]], [[Унгарија]], [[Норвешка]]. Крушевската букова корија, бројните асфалтни и земјени патишта и скијачките терени лете се користат и за планински велосипедизам. Меѓу повеќето природни и културно-историски знаменитости кои се често посетувани од туристите на Бушева Планина се: [[Мечкин Камен]], манастирот Св. Преображение со големиот крст подигнати од [[Тоше Проески]], споменикот на Илинденското Востание - [[Македониум]], споменикот на битката на Слива, вештачкото езеро на „Гумење“ и др. Поради чистиот воздух и големите количества снег голем број на ученици од [[Македонија]] преку организирано зимување ги посетуваат Крушево и Бушева Планина. Најпознати сметувачки капацитет за туристите се хотелите „Монтана“, „Панорама“, „Илинден“, детското одморалиште „Шула Мина“, а во последно време сместување се обезбедува и со изнајмување на приватни куќи.
Поради извонредните природни убавини и бројните културно-историски знаменитости поврзани со [[Илинденско востание|Илинденското востание]], Бушева Планина претставува значајно туристичко место со доста развиен туризам и во зимно и во летно време.
 
== Наводи ==